Цените на горивата и мазивата за личен транспорт во Европската Унија (ЕУ) во јуни се зголемени за 13,7% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат, објавени денес.
Годишната стапка на раст забавила во јуни, откако во април беше 20,8%, а во мај 20,7%.
Меѓу земјите членки на ЕУ, Бугарија бележи најголем годишен раст на цените од 26%, по што следуваат Литванија со 23,5%, Романија со 23,1%, Финска со 22% и Луксембург со 20,7%.
Најмал годишен пораст на цените е регистриран во Унгарија, со 2,3%, а по неа следува Полска со 5,8%.
На месечно ниво, цените на дизелот во ЕУ во јуни се намалиле за 6,4% во споредба со мај, додека цените на бензинот се намалиле за 4,2%.
Чешка бележи најголем месечен пад на цените на дизелот од 11,3%, по што следуваат Полска со 9,7% и Бугарија со 9,4%.























