33 лица биле повредени во вчерашното невреме во Скопје, информира Министерството за здравство.
22 лица побарале помош во „Св. Наум Охридски“ побарале 22 лица. Две лица се задржани на болничко лекување.
Во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) биле примени 11 лица, од кои тројца со скршеници.
Сите повредени се во стабилна состојба.
Здравствените установи претпреа материјална штета. Во Клинилкиот центар „Мајка Тереза” има паднати дрвја. Оштетена е старата кровна конструкција на ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Во Клиничката болница во Штип се погодени Оделот за ортопедија и салата.
Во Психијатриската болница Бардовци има паднати дрвја, без повредени и саниран е краткотрајниот прекин на струја.





















