| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Изгубен авион пронајден на дното на океанот по 74 години
Авионот Даглас ДЦ-4 се распаднал на два дела откако се урнал во океанот кратко по полетувањето од Порторико на 11 април 1952 година, со 64 патници и пет членови на екипажот
Изгубен авион пронајден на дното на океанот по 74 години
Катастрофата доведе до сеопфатни реформи во воздухопловството, со воведување на безбедносни брифинзи и демонстрации за процедури во итни случаи

Околу 74 години откако авионот на Пан Американ Ервејс се урна во морето крај брегот на Порторико, тим за воздушна потрага ги пронајде остатоците на океанското дно.

Фондацијата за воздушно/морско наследство и други, вклучувајќи ја и документарната серија „Експедиции во непознатото“ на Дискавери Телевизија, ги пронајдоа остатоците од Пан Ам Клипер Ендевор на дното на Атлантскиот Океан крај северниот брег на Порторико минатиот месец, објави Дискавери во вторник.

Авионот Даглас ДЦ-4 се распаднал на два дела откако се урнал во океанот кратко по полетувањето од Порторико на 11 април 1952 година, со 64 патници и пет члена на екипажот.

Иако сите на бродот го преживеале првичниот удар, само 12 патници и пет члена на екипажот беа спасени, а останатите се водат како исчезнати со авионот.

Катастрофата доведе до сеопфатни реформи во воздухопловството, со воведување на безбедносни брифинзи пред летот и демонстрации за процедури во итни случаи.

„Сите сме запрепастени и воодушевени од ова откритие, но исто така сме понижени од сеќавањето на она што се случило на ова место толку одамна“, рече Рас Метјуз, претседател на Фондацијата за воздушно/морско наследство.

Во потрагата, во која учествуваше компанијата Дип Си Вижн, беше користен сонар со висока резолуција и беа пронајдени остатоците речиси 610 метри под површината на Атлантскиот Океан.

Во потрагата беа вклучени и автономни подводни дронови и беше ставен крај на мистеријата каде се урна авионот.

Повеќе
Волстрит џурнал: Трамп одобрил историски нуклеарен договор со Саудиска Арабија
Заедничкото вложување на Леонардо и Бајкар, ЛБА Системи, стана целосно оперативно
Петнаесет лица повредени во невремето во Скопје, оштетени 117 возила и 35 покриви
САД го испратија првиот авион со хуманитарна помош на Куба
Фидес ја обвинува новата унгарска влада дека се обидува да ја згасне партијата
Изгубен авион пронајден на дното на океанот по 74 години
Лавров: Русија ја поддржува централната улога на АСЕАН во регионалните прашања
Иран: Со дронови ја нападнавме американската воена база во Кувајт
Конгресмените не ја усвоија забраната на Трамп за трансродови лица во армијата
Рубио: САД остануваат отворени за дипломатски решенија со Иран
Туркије стана 12-ти партнер за дијалог на АСЕАН
Телефонски разговор на Ердоган со летонскиот колега Ринкевич
Комитетот за одбрана на бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во „Безмер"
Големо невреме во Скопје, паднати дрвја, откорнати кровови
Триесет дена притвор за тројцата осомничени за епидемијата во Гостивар