| Macedonian
Цените на нафтата највисоки од почетокот на јуни
Цената на септемвриските фјучерси на глобалната нафта Брент се искачи на 97,879 долари за барел во 9:45 часот, што претставува раст од 3,94% во однос на претходното затворање
Цените на нафтата највисоки од почетокот на јуни
Растот на цените е поттикнат од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, особено поради нападите на Хутите врз танкери во Црвеното Море

Светските цени на нафтата продолжија со силен раст и во четврток, при што суровата глобална нафта од типот Брент повторно ја надмина границата од 97 долари за барел, достигнувајќи највисоко ниво во последните шест недели.

Според пазарните податоци, цената на септемвриските фјучерси на Брент се искачи на 97,879 долари за барел во 9:45 часот, што претставува раст од 3,94% во однос на претходното затворање.

Во исто време, американската лесна сурова нафта Вест Тексас Интермедиејт (WTI) поскапе за 3,06% и се тргуваше по цена од 89,537долари за барел. Последен пат Брент се тргуваше над нивото од 97 долари на 8 јуни.

Растот на цените е поттикнат од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, особено поради нападите врз танкери во Црвеното Море и стравувањата од нарушување на транспортот низ Ормускиот Теснец, една од најважните светски рути за испорака на нафта.

Аналитичарите предупредуваат дека секое дополнително влошување на безбедносната состојба може да предизвика нов скок на цените и дополнителен притисок врз глобалната економија.

Европските фјучерси за гас за август денеска на отворањето на берзата TTФ во Амстердам сетргуваа по цена од 62,880 евра за мегават-час.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,14264 долари.

Цената на златото падна на 4.105,43 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 7,0963 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).

Повеќе
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа