Неколку факти за Ромите и нивниот Меѓународен ден - 8 Април
КУЛТУРА
3 мин читање
Неколку факти за Ромите и нивниот Меѓународен ден - 8 АприлПрипадниците на ромската заедница се дел од Уставот од 2001 година, признаени како етничка заедница. Според Пописот од 2021 година, во земјава живеат околу 2,34 отсто Роми (49.104). Ромските невладини организации сметаат дека оваа бројка е поголема.
Неколку факти за Ромите и нивниот Меѓународен ден - 8 Април / AA

Република Северна Македонија е мултиетничка земја во која живеат различни етнички задници, меѓу кои се и Ромите, кои на 8 Април низ целиот свет со различни информативни, културно-уметнички активности и активности од забавен карактер го одбележуваат Меѓународниот ден на Ромите.


Во продолжение, ТРТ Балкан ви претставува неколку интересни факти за Ромите во земјава, како и за Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април.

Од 2001 година Ромите се дел од македонскиот Устав

Припадниците на ромската заедница се дел од Уставот од 2001 година, признаени како етничка заедница. Според Пописот од 2021 година, во Северна Македонија живеат околу 2,34 отсто Роми (49.104), а некои невладини организации, повикувајќи се на своите истражувања, велат дека оваа бројка е поголема.

Шуто Оризари: Единствена општина во Европа со градоначалник Ром

Во скопската општина Шуто Оризари, во која Ромите се мнозинско население, ромскиот јазик е официјален. Според наводите на ромските претставници, оваа општина е единствена во Европа чиј градоначалник е Ром. Освен во оваа општина, од 85 општини во земјата, во 50 живеат припадници на ромската заедница. Ромскиот јазик е службен и во општина Куманово.

Личните документи: Еден од најголемите проблеми на Ромите

Според ромските политички претставници најголемиот проблем на Ромите во земјава е личната документација. Бројни припадници на ромската заедница немаат лична документација (извод, лична карта, државјанство). Поранешната пратеничка Љатифе Шиковска, во време на нејзиниот пратенички мандат го иницираше ова прашање и бараше
системско и трајно решение за регистрација и добивање на извод на матична книга на родени, за околу 700 лица, кои живеат на територија на државата, а кои од одредени причини немаат документ за идентификација.

Кралица на ромската музика

Во сферата на културата, Ромите можат да се пофалат со извонредни музичари, а меѓу нив најпозната е пејачката и хуманитарката Есма Реџепова од Скопје. Таа почина во декември 2016 година. Во текот на својата музичка кариера, Есма се стекна со епитетот Кралица на Ромската музика во светски рамки. Есма зад себе остави огромно музичко наследство и бројни почитувачи на нејзиниот лик и дело.

Во поглед на медиумското претставување, вреди да се истакне дека во земјава Ромите имаат телевизиска и радиоемисија која се емитува на јавниот медиумски сервис (МРТ), а исто така и приватни медиуми на ромски јазик.

Меѓународниот ден на Ромите прогласен во 1990 година

Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април е прогласен официјално во 1990 година во Сероцк, Полска, на местото каде што се одржа четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија, во спомен на првата меѓународна средба на ромските претставници одржан во Челсфилд, во близина на Лондон, од 7 до 12 април 1971 година.

Ѓелем, ѓелем: Ромска химна

На тој конгрес донесена е одлука за ромската химна, за која е избрана песната „Ѓелем, Ѓелем“ (ромски: Одев, одев) и одлуката за ромското знаме кое се состои од сина и зелена боја кои ги претставуваат небото и земјата. На средината на знамето се наоѓа тркало, црвена чакра, кое ја претставува миграцијата на Ромите.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Летонија доби нова влада по инцидентот со украински дрон што ја урна претходната владина коалиција
Венс: Одобрувањето на Трамп за договорот со Иран е сè уште неизвесно
Туркије им оддава почит на жртвите од расистичкиот напад во Солинген во 1993 година
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“