| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Од полноќ поевтини и бензините и дизелот
Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од 6 октомври ќе се продава за 98,50 денaри за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 100,50 денaри за литар
Од полноќ поевтини и бензините и дизелот
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е B) се намалува за 3 денaри, односно изнесува 97,00 денери за литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85% во однос на претходната одлука од 28 септември 2026 година.

Новите цени стапуваат на сила од 6 октомври 2026 година, од 00:01 часот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денaри за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 98,50 денaри за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 100,50 денaри за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 3,00 денaри за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 97,00 денaри за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,00 денaри за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 108,50 денaри за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,285 денари за килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,597 денари за килограм.

Според пресметките, референтните цени на светскиот пазар бележат намалување: кај бензините за 2,885%, кај дизелот за 4,770%, кај екстра лесното масло за 4,384%, додека кај мазутот намалувањето изнесува 1,807%.

Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,9101%.

При формирањето на цените се применети и владината одлука за намален ДДВ од 10% за еуродизелот, како и намалениот износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај бензините и дизелот.

Повеќе
Еден Сириец убиен во израелски воен упад во јужна Сирија
Синот на Болсонаро води по првиот круг на претседателските избори во Бразил
Иран ќе ја ескалира војната ако САД изврши копнена инвазија
Вучиќ: Србија ќе продолжи со самостојна политика и патот кон Европа, без санкции кон Русија
Ердоган: Туркије спроведува целосна револуција во одбранбената индустрија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Чичкото со големи мустаќи ја одржува жива анадолската култура и традиција на Јуруците
Г7 ќе ослободи 100 милиони барели од резервите на нафта за вонредни ситуации во следните 4 месеци
Можат ли Трамп и Кси да го претворат трговското примирје во траен економски мир?
Приказна за единственото турско село што не го сака пушењето
ЕУ ја отфрли заканата од САД дека ќе забрани извоз на дизел
Ѓулер: Безбедноста на Кавказ е нераскинливо поврзана со безбедноста на Туркије, Азербејџан и Грузија
Турската Црвена полумесечина му помага на Палетинец да прооди откако Израел му ја одзел протезата
Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Да нема нови билатерални условувања на патот кон ЕУ
Општи избори во БиХ во недела, за прв пат се воведуваат нови изборни технологии