Репрезентациите на Канада и Босна и Херцеговина го одиграа првото реми на Светското првенство. Мечот во Торонто заврши без победник, 1:1, резултат од кој веројатно и двете селекции се задоволни.
Босанците дојдоа во водство преку Јово Лукиќ во 21-вата минута, откако најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник по еден корнер.
Иако избраниците на Сергеј Барбарез имаа уште неколку обидоа за втор погодок, на пауза се замина со гол предност за БиХ.
Во второто полувреме многу подинамична игра, која донесе и повеќе возбудувања.
Канаѓаните се обидуваа со сите сили да стигнат до израмнување, а веќе во 53.минута имаа и голема можност. Сепак по ударот на Ричи Лари, со топката последен играше босанскиот капитен Колашинац, а таа заврши во гредата.
Веќе во следната акција на спротивната страна Босанците имаа можност за втор гол, но Демировиќ кој изби сам пред канадскиот голман не се снајде.
Канада статистички беше подобар противник, а тоа го крунисаа со гол во 78-мата минута преку Кајл Ларин, кој знаеше како да погоди по фантастичната асистенција на Промис Дејвид.
Канада и Босна и Херцеговина се во една од најизрамнетите групи, заедно со Швајцарија и Катар, па веројано вечерашниов бод е задоволителен и за двете селекции, а пласманот во нок-аут рундата ќе се брка на следните два меча.
















