Туркије ги отфрли обвинувањата што циркулираат на социјалните медиуми дека Анкара го користи своето воено присуство во Сомалија за да влијае врз одредени политички актери.
Во соопштението на турската платформа за социјални медиуми НСосијал(NSosyal) во среда, Центарот за борба против дезинформации на Туркије ги опиша тврдењата како „целосно неосновани“.
„Туркије со години одржува легитимна соработка со Федералната влада на Сомалија во целосна согласност со меѓународното право, со цел зајакнување на безбедноста, стабилноста и институционалниот капацитет на Сомалија“, се вели во соопштението.
„Военото присуство и активностите за обука на Туркије во Сомалија се насочени кон реструктуирање на Сомалиската национална армија, модернизирање на безбедносните институции и подобрување на капацитетите за борба против тероризмот“, се додава.
Во соопштението се нагласува дека турскиот воен персонал „апсолутно нема никаква вмешаност“ во изборните процеси или внатрешната политичка динамика на Сомалија.
Туркије, исто така, ја повтори својата поддршка за мирно продолжување на демократскиот процес во Сомалија и рече дека целосно го почитува суверенитетот на земјата и волјата на сомалискиот народ.


















