| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Со него се проширува улогата на американската војска во Гренланд, вклучително и можноста за воспоставување на систем за противракетна одбрана „Златна купола“, а во исто време се потврдува данскиот суверенитет и правото на Гренланд на самоопределување
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
109 дански пратеници гласаа за договорот, а ниту еден не беше против, покажаа резултатите од парламентарното гласање / Reuters (Wire)

Данскиот парламент во четврток едногласно го ратификуваше безбедносниот договор со САД за Гренланд, во обид да се стави крај на кризата околу иднината на арктичкиот остров што ги потресе трансатлантските односи.

Договорот беше потпишан во септември од страна на САД, Данска и Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе ја преземе контролата врз островот богат со минерали, автономна данска територија со околу 57.000 луѓе.

За договорот гласале 109 пратеници, а ниту еден не беше против, покажале резултатите од парламентарното гласање.

Договорот не бара ратификација во американскиот Сенат и ќе стапи во сила откако данското Министерство за надворешни работи ќе го извести Вашингтон преку дипломатски канали дека се завршени сите потребни процедури.

Со него се проширува улогата на американската војска во Гренланд, вклучително и можноста за воспоставување на систем за противракетна одбрана „Златна купола“, а во исто време се потврдува данскиот суверенитет и правото на Гренланд на самоопределување.

Одбивањето на Трамп да ја исклучи можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на островите предизвика дипломатска криза во рамките на НАТО во јануари и ги принуди Данска и Гренланд на месеци интензивни преговори.

Парламентот на Гренланд го ратификуваше договорот овој месец. Минатата недела, договорот доби поддршка од сите политички партии на прво читање во данскиот парламент, а претставниците изразија олеснување и надеж дека договорот ќе придонесе за нормализирање на условите во Гренланд.

Сепак, постојат многу индикации дека ова не е крај, туку само почеток.

Со овој договор во рака, САД ќе можат да бараат поголемо влијание врз одлуките што имаат безбедносни импликации, како и врз експлоатацијата на стратешките ресурси, рече Микел Ведби Расмусен, професор по политички науки на Универзитетот во Копенхаген.

Други експерти веруваат дека новиот договор не носи значајни промени во однос на пристапот на американската војска кон Гренланд.

Најкратката рута помеѓу Европа и Северна Америка поминува низ стратешки лоциран Гренланд, каде што веќе се наоѓа најсеверната американска воена база.

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн