| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 3,50 денари и ќе се продава по највисока цена од 101,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар

Од полноќ стапуваат во сила нови, повисоки цени на горивата, а дизелот ја надмина границата од 100 денари за литар.

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 3,50 денари и ќе се продава по највисока цена од 101,50 денари за литар. Минатата недела дизелот чинеше 98 денари за литар.

Поскапуваат и бензините. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што е зголемување од 1,50 денари. Екстра лесното масло поскапува за два денари и ќе чини 100,50 денари за литар, додека мазутот ќе се продава по 45,576 денари за килограм.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на цените утврдени на 17 август. РКЕ наведува дека во меѓувреме референтната цена на дизелот на светскиот пазар пораснала во просек за 4,842 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340%.

Новите цени ќе се применуваат од 00:01 часот на 25 август.

Повеќе
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот
Зеленски: Војната во Украина мора да е доволно болна за да се поттикне Русија на мировни преговори
Трамп: Иран е во целосен распад
Грција планира база за беспилотни летала на Родос
Зеленски: Украина сака мир, но нема да ѝ попушти на Русија по секоја цена
Туркије одбележува годишнина од прекуграничната воена антитерористичка операција против ДЕАШ
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
САД ги откажуваат заедничките поморски вежби со Јужна Кореја
Туркије ја зајакнува трговската интеграција со исламските земји
Кинескиот премиер Ли е домаќин на јорданскиот крал Абдула во Пекинг
Активни четири пожари и четири под контрола
Израелската армија во тригодишната војна потрошила муниција како за 30 години
Исланд: Референдум за продолжување на преговорите за членство во ЕУ