Железниците на Туркије се на шестото место во Европа и на осмото место во светот според услугите на брзите железници, при што досега превезле 114 милиони патници, јавува Анадолу.
Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу изјави дека железничката мрежа е проширена од 10.948 километри во 2002 година на 13.919 километри во 2026 година.
Од тоа, 2.251 километар отпаѓа на брзите железнички линии изградени од доаѓањето на власт на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија).
„Нашите железници ги вративме на местото што им припаѓа како силна компонента на транспортниот систем на Туркије“, рече тој.
Уралоглу изјави дека постојната инфраструктура претрпела сеопфатна трансформација, покрај изградбата на нови железнички линии.
Напорите за обновување и модернизација на целокупната железничка мрежа резултираа со тоа што 61 отсто од железничките линии се опремени со сигнализациски системи, додека повеќе од половина се електрифицирани.
Министерот истакна дека ширум земјата се реализираат нови инвестиции во брзи железници и железничката инфраструктура.
„Продолжуваме со изградбата на линиите како што се Анкара – Измир, Халкали – Капикуле, Бандирма – Бурса – Јенишехир – Османели, Мерсин – Адана – Османије – Газиантеп, Јеркöј – Кајсери, Кириккале – Чорум и Караман – Улукишла“, рече тој.
„Нашата цел е до 2028 година да го зголемиме бројот на провинции поврзани со брзи железници од 11 на 27“, додаде тој.























