Турската фудбалска репрезентација e на чекор до пласманот на Светско првенство, откако ја победија Романија со 1:0 во Истанбул во полуфиналето од дополнителните европски квалификации.
Туркије во првото полувреме беше подобрата и подоминантна репрезентација, но до паузата, Романците се бранеа многу добро и дисциплинирано, без ниту една грешка.
Сепак, романската одбрана капитулираше во 53. минута кога Арда Ѓулер направи одлична асистенција- ја префрли топката преку целата противничка одбрана, Кадиоглу убаво ја смири топката и постигна гол од близина, за голема прослава на домашните навивачи.
Само три минути подоцна, Романија имаше идеална шанса веднаш да израмни, но Хаџи не беше прецизен. Потоа играта се разгоре, а Туркије сè уште имаше повеќе шанси. Јилдиз ја промаши најдобрата во 61. минута кога ја погоди пречката.
Ѓулер се закани во 72. минута, додека Романија имаше уште една одлична шанса во 77. минута. Станчиу ја погоди гредата од многу тешка позиција, но топката отскокна и се тркалаше паралелно со гол-линијата. Тоа беше последна шанса за гостинскиот тим да израмни, а Туркије мирно ја зачува својата предност од еден гол до крајот, но беше исклучително вредна.
Туркије ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Словачка и Косово за едно од четирите месата кои водат на Светското првенство.
Денеска на програмата се уште седум средби од полуфиналето од плеј-офот за пласман на претстојниот Мундијал кој се одржува од 11 јули до 19 јули ова лето во САД, Канада и Мексико.
Словачка- Косово (20:45)
Чешка- Р. Ирска (20:45)
Данска- Северна Македонија (20:45)
Италија- С.Ирска (20:45)
Велс- БиХ (20:45)
Полска-Албанија (20:45)
Украина-Шведска (20:45)













