| Macedonian
ЕУ ќе ги ограничи социјалните мрежи за малолетниците и децата
Децата на возраст од 13 до 15 години ќе можат да користат само ограничени „мини сметки“ поставени и следени од родители, а ќе имаат ограничени функции и нивната употреба ќе биде ограничена на еден час на ден, рече претседателката на Ек, дер Лајен
ЕУ ќе ги ограничи социјалните мрежи за малолетниците и децата
ЕК во четврток ќе го презентира т.н. Закон за деца, кој ќе воведе различни мерки за заштита во зависност од возраста на детето

Европската Унија планира да го ограничи пристапот на децата до социјалните мрежи преку нов закон насочен кон заштита на малолетниците од штетна содржина и последиците од користењето на дигитални платформи, објави во среда претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во обраќањето пред Европскиот парламент, Фон дер Лајен рече дека Европската комисија во четврток ќе презентира нацрт-закон наречен „Закон за деца“, кој ќе воведе различни мерки за заштита во зависност од возраста на детето.

„Нема социјални мрежи за лица под 13 години. Нема лични сметки за лица под 15 години“, рече Фон дер Лајен.

Според предложениот пристап, децата на возраст од 13 до 15 години ќе можат да користат само ограничени „мини сметки“, кои ќе бидат поставени и следени од родители или старатели. Ваквите сметки ќе имаат ограничени функции и нивната употреба ќе биде ограничена на еден час на ден.

За корисниците на возраст од 15 до 18 години, социјалните мрежи ќе мора да воведат мерки за безбеден дизајн, рече претседателката на Европската комисија.

Фон дер Лајен рече дека иницијативата е покрената поради загриженост за влијанието на социјалните мрежи и дизајнот на дигиталните платформи кои поттикнуваат формирање на зависност кај децата, вклучувајќи губење на сон, анксиозност, насилство од врсници и самоповредување.

Таа, исто така, нагласи дека ЕУ сака да префрли поголема одговорност на технолошките платформи.

„Го префрламе товарот на докажување. Сега платформите ќе мора да ни докажат дека се безбедни“, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека прашањето не е само дали малолетниците имаат пристап до социјалните мрежи, туку и условите под кои платформите можат да допрат до децата.

„Европа има моќ да дејствува. Ние одлучуваме за правилата, а не технолошките компании“, рече таа.

Фон дер Лајен рече дека пристапот на ЕУ ќе го опфати и поширокото прашање на дигиталните платформи, со оглед на тоа што дизајнот што поттикнува зависност може да влијае и на возрасните.

Европската комисија планира да претстави поширок закон наречен „Закон за дигитална праведност“ на есен, додаде фон дер Лајен.

Повеќе
Нов Зеланд не разговарал со ЕУ за статус на придружен член
Швајцарските пратеници поддржуваат построги мерки за азил
Танкер погоден од „непознат проектил“ во Ормускиот Теснец
Шестмина ученици загинаа, 17 се повредени во пукање во средно училиште на Филипини
Дванаесет лица повредени во ноќните напади меѓу Русија и Украина
Се очекува Такаичи да се сретне со Трамп во вторник, пред разговорите меѓу САД и Кина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се витален фактор во регионот и пошироко
Речиси половина од германските гласачи веруваат дека Мерц ќе ја напушти функцијата до крајот на 2026
Во Русија почнуваат тридневни избори за државната Дума
Мицкоски: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги што не е случај со нас
Фон дер Лајен: ЕУ ќе исплати 3,3 милијарди евра за ракети и беспилотни летала за Украина
Пентагон разгледува повлекување на најмалку 25.000 американски војници од Европа
Мерц: Гледаме фундаментална промена во односот на САД кон Германија
Стејт департментот одобри продажба на Ф-35 авиони на Саудиска Арабија вредни 24 милијарди долари
Зигфрид Мурешан номиниран за нов премиер на Романија