Премиер лигата ја потврди казната за клубот Манчестер Сити и сега може да се очекува одлука за казна која пак може да биде ригорозна. Сослушувањето пред тричлената независна комисија траеше 12 недели од септември до декември 2024 година.
Поради сериозни прекршување на финансиските правила на Премиер лигата во период од девет сезони, како и поради тоа со немале соработка со лигата за време на истрагата е донесена одлуката. Раководството на натпреварувањето планира што е можно случајот побрзо да биде затворен.
Независната комисија утврди дека меѓу сезоните 2009/10 и 2017/1
Манчестер Сити склучувал фиктивни договори со комерцијални партнери, имал фиктивни договори со други странки и на тој начин вештачки ги зголемувал приходите и ги намалувал трошоците
Клубот поднесувал неточни финансиски извештаи и не ја прикажувал вистинската состојба пред ревизори и фудбалски регулаторни тела
Манчестер Сити официјално ги прекршувал ограничувањата пропишани со правилата на Премиер лигата и УЕФА
За време на истрагата на Премиер лигата, Манчестер Сити во повеќе наврати не ги почитувал обврските за соработка во добра намера кон лигата
Манчестер Сити има право на жалба до 2.октомври.



















