| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
СП 2026: Шпанија ја победи Португалија во судското продолжение и обезбеди четвртфинале
Со голот на Микел Мерино во 90+1.минута, европскиот првак успеа да го добие ибериското дерби и со тоа да се пласира во 1/4 финалето каде за ривал ќе го добие подобриот од дуелот САД – Белгија
СП 2026: Шпанија ја победи Португалија во судското продолжение и обезбеди четвртфинале
Најголемата португалска ѕвезда, Роналдо го одигра целиот натпревар, но неизвесно дали и последен за репрезентацијата / AP

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја доби битката со Португалија славејќи со 1:0 во Далас и се пласира во 1/4 финалето на Светското првенство каде за ривал ќе го добие подобриот од дуелот САД- Белгија.

Првата шанса ја имаше Ојарзабал, кој на стартот излезе сам пред голот на Португалија, но бише покрај стативата.

На другата страна Роналдо во два наврати се закани, а во 16.минута Јамал и Баена во една иста акција одлично шутираа, но Диого Кошта фантастично одбрани.

Во 30.минута Шпанија повторно имаше зицер, сега Олмо, но немаше гол. Со шаснсите се заврши во 40.минута кога Нуњо Мендеш ја погоди пречката на Унаи Симон.

Во продолжението и двете репрезентации не сакаа да ризикуваат, Шпанија напаѓаше ама тоа беше контролирано, се со цел да не му се дозволи на поротивникот од контри да го загрози голот.

Во 55.минута проблем за Португалците, Нуњо Мендеш кој дотогаш одигра одлична одбрана на Јамал, се повреди и мораше да го напушти теренот.

Шпанците после 70-75 минута тргна поофанзивно, ама Бруно Фернандеш можеше да ги казни, но неговиот удар заврши во надворешниот дел од мрежата на Диого Кошта. Сепак “Фуријата“ продолжи со нападите, а Португалците грчевито се бранеа.

И конечно во 90+1.минута Феран Торес прекрасно асистира до Мерино, кој рутински ја заврши работата за 1:0, за водство на Шпанија и за победа.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток