| Macedonian
Побарувачката за електрични возила ја зголеми продажбата на нови автомобили во Европа
Во ЕУ, регистрациите на батериските електрични возила пораснаа за 60,7 % во јуни, сo зголемување во Франција од 93,5%, Италија 86,6%, Германија 78,2% и Шпанија 26,5%,
Побарувачката за електрични возила ја зголеми продажбата на нови автомобили во Европа
Во меѓувреме, регистрациите на автомобили на бензин паднаа за 12,2 %, додека регистрациите на дизел се намалија за 16,9 %

Регистрациите на нови автомобили низ Европа се зголемија за 13,1% во јуни во однос на истиот период минатата година на над 1,4 милиони единици, поттикнати од забрзаната побарувачка за електрични и хибридни возила, покажуваат податоците објавени денес.

Регистрациите во ЕУ, земјите од Европската асоцијација за слободна трговија (ЕАСТ) и Велика Британија изнесуваат вкупно 1,41 милион, што е зголемување од 1,24 милиони во јуни 2025 година, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили.

Само во ЕУ, бројот на регистрации се зголеми за 13,6% на речиси 1,15 милиони возила. Германија, најголемиот пазар на автомобили во блокот, забележа раст од 15,7%, по што следуваат Франција со 11,4%, Италија со 10,6% и Шпанија со 7,8%.

Во јуни, регистрациите на батериски електрични возила на поширокиот европски пазар скокнаа за 51% на 360.843 единици, додека продажбата на приклучни хибриди се зголеми за 22,7% на 146.168.

Регистрациите на хибридно-електрични возила, вклучително и целосните и благите хибриди, бележат раст од 17,1% и достигнаа 488.640 возила. Заедно, целосно електричните и приклучните хибридни модели сочинуваа повеќе од 36% од вкупниот број нови регистрации.

Во меѓувреме, регистрациите на автомобили на бензин паднаа за 12,2%, додека регистрациите на дизел се намалија за 16,9%.

Во ЕУ, регистрациите на батериските електрични возила пораснаа за 60,7% во јуни. Франција забележа зголемување од 93,5%, Италија 86,6%, Германија 78,2% и Шпанија 26,5 %.

Во текот на првата половина од оваа година, регистрациите на автомобили во ЕУ се зголемија за 5,7% на речиси 5,9 милиони единици. Низ ЕУ, ЕФТА и Велика Британија, регистрациите се зголемија за 6,1% на 7,23 милиони.

Батериските електрични автомобили обезбедија удел од 20,7% на пазарот на ЕУ во периодот јануари-јуни, што е зголемување од 15,6% колку што изнесуваше една година претходно. Хибридно-електричните автомобили останаа најпопуларен погон, со удел од 37,3%, додека приклучните хибриди го задржаа уделот од 9,8%.

Комбинираниот удел на автомобилите на бензин и дизел падна на 29,7% од 37,8% една година претходно. Регистрациите на возила на бензин се намалија за 17,2% во текот на периодот, додека регистрациите на дизел возилата паднаа за 16,5%.

Меѓу производителите, регистрациите на „Фолксваген групацијата“ во ЕУ се зголемија за 7,3% во јуни, додека „Стелантис“ забележа раст од 7,1%. Регистрациите на „БМВ групацијата“ се зголемија за 16,1%, „Мерцедес-Бенц“ оствари раст од 4,8%, а „Рено групацијата“ се зголеми за 3,6%.

Кинеските производители на автомобили продолжија брзо да се шират. Регистрациите на БЈД се зголемија речиси трипати во однос на претходната година, бележејќи раст од 199,3% на 30.791 возила во јуни, додека регистрациите на „САИК мотор“ се зголемија за 50,7% на 27.048.

Регистрациите на „Чери“ скокнаа за 271% на 18.864 возила, додека „Липмотор“ забележа зголемување од речиси шест пати на 10.430.

Повеќе
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа