| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Санчез повика на реформа на Советот за безбедност на ОН и го осуди геноцидот во Газа
Мирот, одржливоста и еднаквите можности се под напад од политичките актери и влади кои сакаат да го вратат светот во темно минато, сите знаеме кои се тие и каков е нивниот начин на дејствување, рече шпанскиот премиер во обраќањето во ОН
Санчез повика на реформа на Советот за безбедност на ОН и го осуди геноцидот во Газа
Мораме да има реформи во СБ заради фер застапеност на сите региони и за да можеме да го укинеме правото на вето на постојаните членки, рече Санчез

Шпанскиот премиер Педро Санчез во среда повика на реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се обезбеди фер застапеност на сите региони и да се укине правото на вето на неговите постојани членови.

„Мораме да го реформираме Советот за безбедност за да можат сите региони во светот да имаат фер застапеност и за да можеме да го укинеме правото на вето на постојаните членови“, рече Санчез во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН.

Затоа што, како што наведува Повелбата на ОН, „ниту една земја не треба да биде судија во својот случај, без разлика колку е моќна“, додаде тој.

Тој предупреди дека принципите врз кои се темели меѓународниот систем се сè повеќе изложени на предизвици.

„Мирот, одржливоста и еднаквите можности се „под напад од политичките актери и влади кои сакаат да го вратат светот во темно минато“, рече тој, додавајќи:

„Не треба да ги издвојувам. Сите знаеме кои се тие и каков е нивниот начин на дејствување“.

Санчез ги истакна акциите на Шпанија како одговор на конфликтите, велејќи дека Мадрид направил „сè што е можно“ за да се спротивстави на акциите што се спротивни на Повелбата на ОН.

Тој ги наведе санкциите против Русија, како и ембаргото за оружје врз израелската влада.

Тој, исто така, ја повтори недвосмислената осуда на Шпанија на „геноцидот што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху продолжува да го извршува во Газа“.

Санчез нагласи дека мултилатерализмот останува најдобриот начин за управување со глобалната меѓузависност и повика на враќање на довербата во ОН и напори за зајакнување на организацијата.

Повеќе
Американската администрација подготвува 90 дневна забрана за извоз на дизел
Бесент: САД и Кина се договорија да го продолжат трговското примирје
Милатовиќ: Да се врати довербата во институциите што ги штитат мирот
Трамп го пречека Кси со највисоки државни почести
Федерален суд и наложи на Белата куќа да го врати пристапот на отстранетите медиуми
Иран ја обвинува Европа за „двојни аршини“ во пристапот кон регионалните кризи
Ал Шара: Бевме близу до договор со Израел, но тие се повлекоа
Коста предупредува на „де факто анексија“ на Западниот Брег што го загрозува решението со две држави
Трамп разговараше со венецуелската в.д. претседателка Родригез за прв пат по апсењето на Мадуро
Муцунски: Во време на сериозни геополитички кризи доследно да се почитува меѓународното право
Пленковиќ во ОН ја критикува Србија за почестите кон починатиот воен злосторник Младиќ
Зеленски: И Киев и Вашингтон сакаат војната да заврши пред зимата
ЕУ се согласи да ги укине санкциите врз руските олигарси Усманов и Фридман
Речиси половина Германија е за предвремени избори доколку Мерц поднесе оставка
Иран: Ќе го отвориме Ормутскиот Теснец ако прекинат воените напади на САД
Саудиска Арабија и Пакистан ја потврдија посветеноста на одбранбениот договор од Мека
Одборот за мир во Газа ги повтори заложбите пред ГС на ОН
Курти по средбата со Ердоган: Благодарност за постојаната поддршка од Туркије
Зеленски:  Украина е подготвена да ги запре нападите врз руските енергетски објекти
Калас: Потребни се повеќе бродови во Црвеното Море за безбеден транспорт