Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, ги повика земјите-членки да распоредат дополнителни воени бродови за да помогнат во заштитата на комерцијалниот трнаспорт во Црвеното Море.
Земјите од ЕУ спроведуваат патроли во Црвеното Море од 2024 година во рамките на операцијата „Аспидес“, бидејќи растечките закани од јеменската група Хути продолжуваат да го попречуваат сообраќајот низ теснецот Баб ел-Мандеб.
„Операцијата има потреба од повеќе поморски средства и повеќе воздушни средства за да се справи со зголеменото ниво на закани во регионот“, изјави Калас по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, што се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Црното Море, Ормутскиот Проток и Баб ел-Мандеб се три критични поморски точки чие нарушување се шири далеку надвор од регионот“, рече Калас.
Операцијата моментално се потпира главно на три брода од Италија и Грција, а други земји-членки на ЕУ даваат повремена поддршка. Сепак, досега земјите од ЕУ покажаа мал интерес за зголемување на бројот на вклучени бродови или промена на целите на мисијата.
„Кога беше поставен „Аспидес“, индикацијата беше дека се потребни најмалку 10 бродови. Сега ситуацијата е уште посериозна“, рече Калас.


















