| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Бесент: САД и Кина се договорија да го продолжат трговското примирје
„Ќе го продолжиме она што го нарекуваме ’Договор од Бусан‘ – економска деескалација меѓу двете земји што требаше да истече на 10 ноември. Тој ќе биде продолжен до 10 јануари“, рече Бесент
Бесент: САД и Кина се договорија да го продолжат трговското примирје
САД и Кина се договорија да го продолжат трговското примирје

САД и Кина се договорија да го продолжат своето билатерално трговско примирје – к до 10 јануари, а кое истекуваше во ноември, изјави министерот за финансии Скот Бесент.

„Ќе го продолжиме она што го нарекуваме ’Договор од Бусан‘ – економска деескалација меѓу двете земји што требаше да истече на 10 ноември. Тој ќе биде продолжен до 10 јануари“, рече Бесент.

„Постојат одредени елементи од договорот каде што спроведувањето од кинеска страна не беше совршено, па сакаме да видиме – сега кога седнавме и ги изнесовме нашите очекувања – дали тие можат да бидат малку потемелни во спроведувањето на договорот во текот на наредните месеци“, додаде тој.

Бесент навести дека во наредните денови може да следат дополнителни соопштенија од кинеската делегација, како на пример договори за купување поголеми количества американски земјоделски производи и можни договори во секторот за финансиски услуги.

Ова соопштение уследи по ненајавената средба одржана претходно истиот ден во Вашингтон меѓу Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг.

Повеќе
Санчез повика на реформа на Советот за безбедност на ОН и го осуди геноцидот во Газа
Карни: Воената акција на САД против Канада е малку веројатно, но сериозно сценарио
Американската администрација подготвува 90 дневна забрана за извоз на дизел
Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Бесент: САД и Кина се договорија да го продолжат трговското примирје
Милатовиќ: Да се врати довербата во институциите што ги штитат мирот
Ердоган повика на интеграција на муслиманите, отфрлајќи ја асимилацијата
Трамп го пречека Кси со највисоки државни почести
Федерален суд и наложи на Белата куќа да го врати пристапот на отстранетите медиуми
Лавров: Русија е подготвена за преговори за одржлив и траен мир во Украина
Зеленски повикува на преговори и притисок за постигнување мир со Русија
Ердоган: Стратешката соработка меѓу Туркије и САД се проширува во сите области
Ердоган: Туркије ја поддржува нормализацијата на трговските и транспортните врски со Ерменија
Првата дама на Туркије укажува на еколошката криза и важноста од воспоставување нови системи
Украина и сојузниците ја повикуваат Русија да прифати итен и безусловен прекин на огнот