| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
„Верувам дека безбедноста на Балканот, Европа и Туркије е неразделна и затоа верувам дека евроинтеграциите, во овој регион се особено клучни.“
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати

„ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполниле сите услови. Од Северна Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ“, порача шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије, Мевлут Чавушоглу, на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје.

Чавушоглу, кој учествуваше на првиот панел „Предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, изјави дека дополнителните условување надвор од преговарачките поглавја наметнати на Македонија и македонскиот народ, се нефер и сурови.

„Од Северна Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ… Турција е за соработка и против создавање нови поделби на Балканот. Турција е подготвена да ги поддржи сите напори за мир, безбедност и економска соработка во регионот. Верувам дека ЕУ интеграцијата на регионот ќе забрза во иднина и НАТО ќе продолжи да игра значајна улога во Југоисточна Европа и Балканот“, изјави Чавушоглу.

Според Чавушоглу, Туркије е за реформа на меѓународниот систем и ОН, а верува дека и ЕУ треба самата да се реформира.

„Евроатлантските аспирации на балканските земји треба да бидат поддржани. Верувам дека неискористениот потенцијал на Балканот треба да биде препознаен. Географски Балканот е мост меѓу Западот и Истокот и економскиот потенцијал е особено важен за развојот на поширока Европа. Кога северниот коридор повеќе не е алтернатива за трговија меѓу Азија и Европа, верувам дека коридорот „Појас и пат“ ќе станува се поважен и Балканот ќе биде дел од тоа“, изјави Чавушоглу.

ЕУ, нагласи Чавушоглу, треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполнат сите услови.

„Верувам дека Црна Гора ги исполнува сите услови и верувам дека ЕУ земјите треба да одговорат зошто тоа не е така“, изјави Чавушоглу.

Присуството на НАТО, според Чавушоглу и во иднина ќе биде клучно за одржување на мирот и стабилноста во регионот, но вели не треба се да очекуваме од сојузникот САД, туку и европските сојузници, исто така, треба да се присутни.

„Верувам дека безбедноста на Балканот, Европа и Туркије е неразделна и затоа верувам дека евроинтеграциите, во овој регион се особено клучни и се надевам дека Северна Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ во блиска иднина“, изјави Чавушоглу.

На Меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ што се одржува во Скопје, учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, е во организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов (ISLAA).



ИЗВОР:MIA
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран