| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
„Верувам дека нашата славна војска ќе реди победи со ’Кизилелма‘ и се надевам дека овој горд, историски момент ќе доведе до големи успеси“, напиша Ердоган
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили / AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, објави дека беспилотното борбено летало „Кизилелма“(Kızılelma), произведено во земјата, е испорачано во арсеналот на турските вооружени сили по повеќегодишен развој.

„Верувам дека нашата славна војска ќе реди победи со ’Кизилелма‘ и се надевам дека овој горд, историски момент ќе доведе до големи успеси“, напиша Ердоган на социјалните мрежи.

Турскиот производител на беспилотни летала „Бајкар“ во четвртокот соопшти дека ги испорачал првите три беспилотни борбени летала „Бајрактар Кизилелма“ на турските безбедносни сили, речиси четири години по првиот пробен лет на дронот.

Во соопштение објавено на турската платформа за социјални медиуми „NSosyal“, од „Бајкар“ наведоа дека „Кизилелма“ стана првото беспилотно борбено летало во светот што влегло во воена служба.

„Денес, на нашата нација ѝ го предаваме сонот што почнавме да го остваруваме пред 20 години“, изјавија од „Бајкар“.

Развиено со сопствени ресурси на „Бајкар“, леталото „Кизилелма“ е наменето за воздушна борба и за напади врз цели на површината. Компанијата, исто така, развива можности леталото да оперира од пловни објекти што имаат кратки писти.

Леталото е долго 14,5 метри, има распон на крилјата од 10 метри и максимална тежина при полетување од 8,5 тони.

Според „Бајкар“, леталото може да достигне максимална брзина од 0,9 Мах (што одговара на 90 отсто од брзината на звукот) и да остане во воздух повеќе од три часа.

Од првиот лет до автономен лет во формација

„Бајкар“ го претстави проектот во 2021 година, а прототипот беше прикажан следната година на Фестивалот за воздухопловство и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ во турскиот град Самсун.

„Кизилелма“ го изврши својот прв лет на 14 декември 2022 година, за време на 18-минутен тест спроведен во објектот на „Бајкар“ во Чорлу, во северозападна Туркије. Во април 2023 година, за време на тестирањата во Чорлу, „Кизилелма“ летала во блиска формација со беспилотното летало „Бајрактар ​​Акинџи“. Подоцна, двете летала повторно изведоа ваков лет во формација пред публиката на фестивалот „ТЕКНОФЕСТ“ во Истанбул.

Според компанијата „Бајкар“ на 29 ноември 2025 година, за време на тестирањата над Црното Море во близина на Синоп, „Кизилелма“ успешно погоди воздушна цел (млазен тип) користејќи ракета „воздух-воздух“ од турско производство, наречена „Гокдоган“ (Gökdoğan).

Следниот месец, два прототипа на „Кизилелма“ летале автономно во блиска формација над Чорлу.

Од „Бајкар“ наведоа дека леталата користеле софтвер, развиен од инженерите на компанијата, за да ги координираат своите движења и да извршуваат мисии на воздушни патроли долж однапред одредена рута.

Во четвртокот, компанијата изрази благодарност до тимот што работел на развојот на леталото и им оддаде почит на колегите кои ги загубија животите за време на реализацијата на проектот.

Исто така, беше оддадена почит и на покојниот основач на компанијата, Оздемир Бајрактар, за неговиот придонес кон Националната технолошка иницијатива на Туркије.

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Кац: Може да заземеме дополнителни територии во Газа, Либан и Сирија