Кина го смета демократски управуваниот Тајван за своја територија, и покрај силното противење на властите во Тајпеј на таквото барање,па повеќе пати нудеше модел на автономија „една земја, два системи“, кој не е поддржан од ниту една голема тајванска политичка партија.
„Решавањето на прашањето за Тајван е непоколеблива историска мисија на Кинеската комунистичка партија“, рече Кси во говорот одржан во Големата народна сала во Пекинг по повод 160-годишнината од раѓањето на револуционерниот херој Сун Јат-сен, кој помогна во водењето на бунтот од 1911 година со кој се стави крај на вековното владеење на царевите и цариците.
Тој додаде дека Кина се придржува до принципот на мирно обединување и политиката „една земја, два система“ и е подготвена да разговара со Тајван врз основа на почитување на принципот на една Кина.
Тој се осврна на ставот на Пекинг дека двете страни на Тајванскиот теснец се дел од една земја.
„Сите Кинези, вклучително и оние во Тајван, треба да ги здружат силите во заедничка борба против сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван и да работат за мирен развој на односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец“, рече тој.




















