| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Оваа изјава доаѓа по објавата дека управниот одбор на производителот на чипови се подготвува да го смени својот долгогодишен извршен директор
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг / АА

Илон Маск, извршен директор на Тесла (Tesla) и основач на СпејсЕкс (SpaceX), изјави дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа (Nvidia), Џенсен Хуанг, во услови на растечка неизвесност околу иднината на долгогодишниот лидер во оваа американска компанија за чипови.

„Тоа би било чест“, напиша Маск доцна во средата на социјалната мрежа X, одговарајќи на објава во која пишуваше: „Илон, те молам вработи го Џенсен“.

Маск не наведе конкретна позиција за Хуанг, ниту пак прецизираше која од неговите компании би можела да го вработи. Неговиот краток одговор не содржеше детали за официјална понуда за работа или за какви било разговори околу вработување.

Оваа размена на пораки уследи по извештајот на „Волстрит џурнал“ (The Wall Street Journal) дека управниот одбор на Нвидиа се подготвува да го смени Хуанг.

Членовите на одборот планирале да се состанат уште во средата за да одлучат за неговата иднина, објави весникот, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Извештајот се појави по откритијата за наводните вонбрачни афери на Хуанг со две жени – Алис Хуанг, поранешна раководителка во компанијата „Mega Speed ​​International“ која е обвинета дека е кинески шпион, како и со една вработена во самата Нвидиа.

Од Нвидиа најавија независна истрага од страна на управниот одбор, откако се појавија информации дека Хуанг можеби бил цел на активности на странски разузнавачки служби.

Овие случувања предизвикаа остар пад на цената на акциите на Нвидиа. Во тргувањето по затворањето на берзата во средата, вредноста на акциите падна за 14,95 долари, односно 8,61%, достигнувајќи 158,78 долари. Претходно, редовното тргување заврши со цена од 173,73 долари, што претставуваше пораст од 4,84 долари, или 2,87%.

И весникот „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) објави дека управниот одбор треба да одлучи за иднината на Хуанг по избувнувањето на скандалот.

Според годишниот извештај на компанијата, Хуанг е еден од основачите на Нвидиа (во 1993 година) и од самиот почеток ја извршува функцијата претседател и извршен директор. Тој е исто така и член на управниот одбор.

Неговото евентуално заминување би претставувало голема промена во раководството на компанијата, која стана доминантен снабдувач на чипови што се користат за развој и функционирање на системи за вештачка интелигенција. Експанзијата на Нвидиа го стави Хуанг во центарот на глобалниот бум на инвестиции во вештачка интелигенција, како и на технолошкото ривалство меѓу Вашингтон и Пекинг.

Повеќе
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година
Курум од КОП31 предупредува: Ниту една земја не може сама да се соочи со климатската криза
Папата Лав XIV започнува значајна посета на Перу, по емотивното заминување од Аргентина
Туркије ги осудува израелските изјави упатени кон претседателот Ердоган како „гнасна и дрска клевета
Турскиот претседател се сретна со лидерите на Босна и Херцеговина во Анталија
Медински: Москва и Киев се приближиле кон мир по трилатералните разговори во Абу Даби
Пирц Мусар: Нашите одлуки мора да бидат водени од факти, а не од краткорочни политички интереси