Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО, којшто денеска и утре, 7 и 8 јули 2026 година ќе се одржи во Анкара, Република Турција.
Во состав на делегацијата се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Претседателката ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет.
Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на Алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина.
На маргините на Самитот предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да оствари средби со шефови на делегации на дел од земјите-членки на НАТО.














