| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: ЕУ мора да реагира,15 години сме блокирани од вештачки прашања
Нашиот европски пат почна пред 26 години, дури и пред пристапувањето на Хрватска во Унијата, а земјата и понатаму се бори за остварување на своите права, рече премиерот на самитот посветен на отпорноста во Диселдорф
Мицкоски: ЕУ мора да реагира,15 години сме блокирани од вештачки прашања
Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитет, рече Мицкоски

Северна Македонија веќе 15 години останува надвор од Европската Унија поради вештачки прашања наметнати од земја членка на Унијата, оцени премиерот Христијан Мицкоски на панелот „Отпорноста како императив за севкупното општество“, во рамки на самитот посветен на отпорноста во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, што се одржува во Диселдорф.

Премиерот истскн дека ваквиот пристап ја доведува во прашање и отпорноста на самата ЕУ.

Во објава на својот Фејсбук-профил, премиерот посочи дека блокадите со кои се соочува земјава претставуваат ранливост во системот на Европската Унија и дека е потребна поодлучна реакција од европските институции.

„Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка на ЕУ, а на сето тоа може да се гледа и како на рушење на отпорноста на ЕУ. Кога постои таква дупка во системот, тогаш станува збор за ранливост на системот. Не секогаш рушењето на системот е предизвикано од оружје, туку и со други ресурси“, напиша Мицкоски.

Тој оцени дека Европската Унија треба да преземе посериозни и поконкретни мерки кога земја кандидат се соочува со прашања од минатиот век наметнати од нејзина земја членка.

Премиерот нагласи и дека членството во Европската Унија треба да значи прифаќање и надградување на европските вредности, а не промена на националниот идентитет.

„Членството во ЕУ значи промена со додавање вредности, а не промена на идентитетот“, истакна Мицкоски.

Тој потсети дека европскиот пат на Македонија започнал пред 26 години, дури и пред пристапувањето на Хрватска во Унијата, и нагласи дека земјата и понатаму се бори за остварување на своите права.

„Дел сме од НАТО, целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ, ја штитиме ЕУ од нелегална миграција од членки на ЕУ и така ќе продолжиме“, порача премиерот на панелот во Диселдорф.

Мицкоски вчера оствари и билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна -Вестфалија, како и состаноци со голем број компании, меѓу кои и со претставниците на компанијата Гересхајмер.

„Таа веќе има направено две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а вкупниот број на вработени околу 300тини. Но тоа што е поважно е што тие имаат амбиција да направат нова дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и ќе го триплираат практично обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе контрибуираат позитивна и ќе додадат вредност во македонскиот БДП. Исто така сакам да најавам ако биде се како што треба во декември нови три производни капацитети, кои што во својот полн капацитет кога ќе го достигнат во својот врв на инвестицијата ќе вработуваат повеќе од 1.000, но она што е поважно добро платени работни места“, рече Мицкоски.

Повеќе
За Венс војната во Иран е причината зошто републиканците ги загубија среднорочните избори
Првата дама на Туркије Емине Ердоган го отвори културниот центар на Институтот Јунус Емре во Сеул
Сиљановска-Давкова на средбата со Руте ја реафирмира посветеноста на земјава кон НАТО
Мицкоски: ЕУ мора да реагира,15 години сме блокирани од вештачки прашања
Кос: Отворањето на првиот преговарачки кластер останува условено со уставните измени
Ердоган се сретна со водечки јужнокорејски бизнисмени
Израел ги напаѓа градовите и пали куќи во jужен Либан
Собранието домаќин на млади истражувачки новинари
Туркије ќе го претстави памукот од Југоисточна Анадолија на COP31
Најстариот потонат брод во светот, откриен крај турскиот брег, влезе во Гинисовата книга на рекорди
Кина разговара за можна средба меѓу Си, Путин и Трамп, соопшти Пекинг
Во Србија откриени сите имиња кои ги помилува Вучиќ на крајот на мандатот
Трамп: Ако морам ќе испратам федерални сили во градовите управувани од демократи
Абдул Ел-Сајед стана првиот муслиман избран во Сенатот на САД по победата во Мичиген
Лапид: По изборите во САД, нема влада на единство со Нетанјаху