| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Скриениот рај на природата во Туркије: Во Једиѓолер во Ерзурум снегот се задржува и во лето
Регионот, кој се наоѓа на надморска височина од околу 3.200 метри, им нуди на посетителите уникатни глетки со своите 12 поголеми и помали езера создадени од водите на растопениот снег
Скриениот рај на природата во Туркије: Во Једиѓолер во Ерзурум снегот се задржува и во лето
Регионот, кој се наоѓа на надморска височина од околу 3.200 метри, им нуди на посетителите уникатни глетки со своите 12 поголеми и помали езера

Једиѓолер (седум езера), во округот Испир, кај турскиот град Ерзурум, кој дури и во летната сезона е опкружен со снег, со уникатните природни убавини, богатата вегетација и можностите за кампување се наоѓа меѓу омилените дестинации на љубителите на природата.

Једиѓолер - скриениот природен рај на Турција, кој се наоѓа на околу 200 километри од центарот на градот и 45 километри од центарот на округот Испир, се наоѓа на планината Верченик, јужно од планините Овит и Качкар. Регионот, кој се наоѓа на надморска височина од околу 3.200 метри, им нуди на посетителите уникатни глетки со своите 12 поголеми и помали езера создадени од водите на растопениот снег.

Во Једиѓолер, каде што на некои места снежната покривка останува до крајот на јули, посетителите кампуваат и минуваат време во непосреден контакт со природата. Областа го привлекува вниманието и на љубителите на фотографијата со глетките каде што снежните врвови, разнобојните цвеќиња и бујната зелена природа се спојуваат во една целина.

Во Једиѓолер може да се сретнат ендемски растителни видови, како превртено лале и виолетов зумбул, а тука живеат и многу диви животни, како планинска коза, рис, волк и кафеава мечка. Регионот, кој се издвојува со богатата биолошка разновидност, ги пречекува и љубителите на природните спортови и оние што сакаат да поминат време во мирна атмосфера.

Откако патот до регионот ќе се исчистен од снег, планинарите и љубителите на природата почнуваат да доаѓаат на кампување.

Четириесет и шестгодишниот ерзурумец, Булент Еркан, познат меѓу планинарите како „Син на планините“, кој околу 30 години најголем дел од времето го минува на врвовите, за АА изјави дека регионот вреди да се посети.

„Овде на некои места снегот не се топи, а во текот на целата година може да паѓа снег. Ова е чувствителна област што мора апсолутно да се заштити. Доаѓаат планинари и спортисти и кампуваат. Доаѓаат и љубители на спортот и адреналинот. Понекогаш луѓето доаѓаат и пливаат. Пливавме во снежната вода, беше многу убаво и пријатно, бевме среќни. Бидејќи мобилната мрежа тука не функционира, врската со светот се прекинува. Оние што доаѓаат да кампуваат ноќе, остануваат во контакт со природата и наоѓаат мир.“

Извор: АА

Повеќе
Муцунски од Вашингтон: Заканата од политичкиот тероризам има сериозна димензија и за Западен Балкан
Еве како Туркије сака да го обузди пушењето кај тинејџерите
Курум: Д-8 може да игра трансформативна улога во глобалната климатска агенда
Туркије го отфрла документот „заедничко разбирање“ на ЕУ
Хаарец: Израел продолжува „рутински“ да убива во Газа
Фидан: Туркије и Украина продолжуваат да го продлабочуваат стратешкото партнерство
Белата куќа ја обвини Кина дека собрала податоци на над 220 милиони гласачи од САД
Трамп е лут по коментарите на Нетанјаху за продажбата на Ф-35 на Туркије
САД изврши напади врз мостови во Иран на повеќе локации
Џинпинг повика на безбедна и контролирана вештачка интелигенција
ИРГК соопшти дека ги гаѓала радарските локации во Оман
Туркије бара целосно и безусловно вклучување во политиката „Произведено во ЕУ“
Израелската армија ги ескалира нападите во јужен Либан по мировните разговорите во Рим
Велика Британија го отфрла тврдењето на Аргентина за „воен упад“ на брод на Кралската морнарица
Холандија официјално прогласи недостиг на вода поради постојана суша