Недостиг на квалификувана работна сила: Проблем со кој се соочуваат странските инвеститори
РЕГИОН
3 мин читање
Недостиг на квалификувана работна сила: Проблем со кој се соочуваат странските инвеститориГлавната причина за недостигот на квалификувана работна сила, според Советот на странски инвеститори, е миграцијата која не е карактеристична само во земјава, туку со неа се соочуваат и држави во Европа.
Регионот би можел да се соочи со недостиг од повеќе од 190.000 работници во следните пет години / TRT Balkan
пред 10 часа

Недостигот на квалификувана работна сила е еден од проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори во земјава. Анкетата „Business & Investment Indicator 2025“ покажува дека 89 проценти од странските инвеститори во земјава се соочиле со проблем да најдат соодветна квалификувани работници, а 17 проценти веќе почнале да вработуваат странски работници, иако 90 проценти од компаниите ги зголемиле платите просечно за околу 10 проценти, јави МИА.

Главната причина за недостигот на квалификувана работна сила, според Советот на странски инвеститори, е миграцијата која не е карактеристична само во земјава, туку со неа се соочуваат и држави во Европа. 

„Во Пелагонискиот регион во наредните пет години, бројот на луѓе кои се меѓу 60 и 65 години е за нијанса поголем од луѓето кои се меѓу 24 и 29 години, односно бројот на луѓе кои ќе одат во пензија е поголем од бројот на оние кои би барале работа. Во Европа е уште полошо. Ова е шокантен податок којшто според нас треба да биде прва тема за размислување кај нашите фактори на одлучување“, истакна Георги Тренкоски, претставник на фирма странски инвеститор, во текот на презентацијата на анкетата.

Резултатите од анкетата покажуваат дека има подобрување кај задоволството на странските компании од инфраструктурата, но проблем остануваат процесите на доделување државна помош, односно 80 проценти од компаниите се соочиле со проблеми при добивањето државна помош, а само една третина сметаат дека критериумите се разбирливи.

„57 проценти од компаниите добиваат државна помош во моментот или се во процес на одобрување. 80 проценти се соочиле со проблеми во процесот на одобрување или при исплатата на помошта како резултат на бирократски процедури, несоодветно буџетско планирање или нешто што значи недоволни активности од страна на институциите кои се задолжени за тоа. Она што ние го предложивме и веќе активно дискутираме со Владата е дека треба да се подобрат процедурите за доделување државна помош - транспаретност, брзина и предвлидвивост во начинот на кој државната помош треба да се исплати“, рече Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори.

Анкетата покажува дека е намалено задоволството кај странските инвеститори од aftercare односно само седум проценти одговориле дека се задоволни. Најголем дел од компаниите бараат едно лице со кои би можеле да комуницираат за предизвиците со кои се соочуваат.

Анкетата е направена во период пред кризата на Блискиот Исток па така според неа голем процент од компаниите планирале да го зголемат бројот на вработени, но станува збор за едноцифрени бројки, а 80 проценти размислувале дека годинава ќе имаат зголемен обем на работа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Кина бара што е можно поскоро разговори меѓу САД и Иран, го пофали посредништвото на Пакистан
Иран извршил над 5.400 напади од почетокот на војната со САД и Израел
Предводен од првата дама на Туркије, светот го одбележува Меѓународниот ден на нула отпад
Трамп навестува заземање на островот Харг и заплена на иранската нафта
ЕУ: Забраната на патријархот да влезе во црквата во Ерусалим е „кршење на верската слобода“
САД дозволија руски танкер за нафта да ја пробие блокадата и да отплови кон Куба
Германската крајно десничарска AфД бара повлекување на американските трупи
Вучиќ прогласи победа на локалните избори: Благодарност до Србија за довербата
Гутереш: ОН остро го осудува убиството на мировникот во Либан
Туркије развива сопствена „Челична купола“ за противвоздушна одбрана
Мировник на ОН убиен во ракетен напад во Либан
Иран: Четири експлозии во Ком по нападите на САД и Израел
Трамп: Голем ден во Иран, уништивме многу цели
Фидан ја смета војната на САД и Израел против Иран за нелегална и повикува на притисок врз Тел Авив
Паузата на Трамп со Иран: Дипломатски прозорец или одбројување до ескалација?