| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
СП2026: САД убедливо поразени од Белгија
Белгија со 4:1 славеше против САД, а белгискиот тим објави фотографија од прославата на голот на Лукаку со порака „Поништете го ова“, алудирајќи на контроверзната одлука на ФИФА да му дозволи настап на американскиот напаѓач Балогун
СП2026: САД убедливо поразени од Белгија
Белгија во четвртфиналето ќе игра против Шпанија, која претходно ја победи Португалија / AP

По елиминациите на Канада и Мексико и последната репрезентација домаќин го заврши настапот на Светското првенство. Во осминафиналето запре и селекцијата на САД, која убедливо беше поразена од Белгија со 4-1.

Белгија уште рано покажа дека е решена да го обезбеди пласманот меѓу осумте најдобри. Во деветтата минута, по одлична акција и соработка со Раскин, Шарл де Кетеларе прецизно ја затресе мрежата за водство од 1:0.

Американците возвратија во 31. минута. Малик Тилман изведе слободен удар, а топката по допир со живиот ѕид го смени правецот и заврши зад грбот на белгискиот голман за израмнување на 1:1.

Сепак, радоста на САД траеше кратко. Само две минути подоцна, Де Кетеларе повторно беше на вистинското место и по асистенција од Леандро Тросар повторно ѝ донесе предност на Белгија, која на пауза замина со водство од 2:1.

Прашањето околу победникот практично беше решено во 58. минута, кога голманот на САД направи голема грешка, а Ханс Ванакен без двоумење ја искористи понудената шанса и зголеми на 3:1. Конечните 4:1 беа поставени во судиското продолжение, кога Ромелу Лукаку ја потврди убедливата победа на белгиската селекција.

Со овој триумф Белгија обезбеди место во четвртфиналето, каде што ќе се соочи со Шпанија, која во претходната рунда ја елиминираше Португалија.

Но по натпреварот внимание привлече и пораката што белгиската репрезентација ја испрати преку социјалните мрежи.

Веднаш по последниот судиски свиреж, официјалните профили на белгискиот национален тим објавија фотографија од прославата на голот на Лукаку, а под неа краток опис:„Overturn this“ („Поништете го ова“).

Со оваа порака Белгијците јасно алудираа на контроверзната одлука на ФИФА да му дозволи настап на американскиот напаѓач Фоларин Балогун, иако заработи директен црвен картон во претходниот натпревар против Босна и Херцеговина.

Според правилата, Балогун автоматски требаше да го пропушти осминафиналниот дуел, но непосредно пред натпреварот ФИФА ја суспендираше казната и му овозможи да настапи против Белгија.

Одлуката предизвика бурни реакции во фудбалската јавност, а повеќе светски медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме разговарал со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, барајќи повторно разгледување на суспензијата.

Белгискиот фудбалски сојуз потоа ја обвини ФИФА за нетранспарентност во процесот на донесување на одлуката и најави правна постапка. По убедливата победа, белгиските репрезентативци не го криеја задоволството.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток