| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Израелски дрон погоди стан во јужен Либан, прекршувањата на рамковниот договор продолжуваат
Според државната новинска агенција ННА, експлозии се слушнале и во градот Тир, а израелските сили минирале и уривале згради во пограничните градови Мајдал Зун, Ал-Мансури и Бинт Џбеил
Израелски дрон погоди стан во јужен Либан, прекршувањата на рамковниот договор продолжуваат
Според официјалните либански податоци, во израелските напади врз Либан од 2 март се убиени 4.332 луѓе, а повредени се 12.236

Израелско беспилотно летало денес погоди стан во Набатије ал-Фавка во јужен Либан, а армиските сили продолжија да уриваат згради во пограничните градови и покрај рамковниот договор постигнат со посредување на САД, соопштија либанските медиуми.

Беспилотното летало изврши два последователни напади врз дел на Набатие ал-Фавка, предизвикувајќи пожар во еден стан, објави државната новинска агенција ННА.

Засега нема информации за повредени лица.

Според агенцијата, експлозии се слушнале и во градот Тир, а израелските сили минирале и уривале згради во пограничните градови Мајдал Зун, Ал-Мансури и Бинт Џбеил.

Израелската армија предизвикала и голема експлозија во селото Ал-Кусаир во Набатие, соопшти ННА.

Инцидентите се случуваат и покрај рамковниот договор потпишан минатиот месец меѓу Тел Авив и Бејрут со американско посредување, кој предвидува фазно израелско повлекување од целата окупирана либанска територија.

Договорот не вклучува временска рамка за повлекување, туку завршувањето на процесот го поврзува со преземањето целосна безбедносна одговорност од страна на либанската армија во областите што ги напуштија израелските сили и со разоружувањето на вооружените групи, вклучително и Хезболах.

Според официјалните либански податоци, во израелските напади врз Либан од 2 март се убиени 4.332 луѓе, а повредени се 12.236.

Израел продолжува да окупира делови од Јужен Либан, некои од нив ги држи со децении, а други се заземени за време на претходната војна меѓу октомври 2023 и ноември 2024 година.

Повеќе
Вучиќ вели дека нема да ја напушти земјата ако владејачката партија ги изгуби изборите
Салам се сретна со комесарот за човекови права на ОН и поддржа собирање докази за воени злосторства
Иран пак ја предупреди Софија за распоредувањето на американски воени авиони во Бугарија
ЕУ распоредува авиони и пожарникари за борба против пожарите во Франција и Шпанија
Дизелот од утре поскап за 4,5 денари, се зголемуваат цените и на бензините
Во приватна тужба за проневера се бара 13 години затвор за сопругата на шпанскиот премиер Санчез
Иран порача дека нема да дозволи САД да го одредат времето на војна и мир
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан