| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Трамп: САД ќе изградат две големи воени бази на Гренланд според договор со Данска
Претседателот на САД изјави дека договорот, постигнат со Кралството Данска и Гренланд, ѝ овозможува на САД „трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби“ на таа територија.
Трамп: САД ќе изградат две големи воени бази на Гренланд според договор со Данска
US President Donald Trump addresses the 81st United Nations General Assembly (UNGA), in New York City

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе изгради две големи воени бази на Гренланд врз основа на нов договор со Данска, истакнувајќи пред Генералното собрание на ОН дека договорот ѝ дава на САД „трајна контрола“ врз безбедноста на оваа арктичка територија.

„Веднаш ќе започнеме со процесот на воспоставување значително воено присуство на соодветни локации. Ќе изградиме две многу големи воени бази“, рече Трамп денеска во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк во вторникот.

Трамп изјави дека договорот, постигнат со Кралството Данска и Гренланд, ѝ овозможува на САД „трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби“ на таа територија.

Тој наведе дека овој аранжман ќе му овозможи на Вашингтон „целосна способност да го стори она што е неопходно за одбрана на американскиот континент, како и на Европа и други региони“.

„На ниту еден противник на САД повеќе нема да му биде дозволено да воспостави воено присуство на Гренланд или да прави чувствителни инвестиции таму без наше изречно писмено одобрение“, рече тој.

Трамп соопшти дека договорот ќе биде потпишан денеска, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, и ги пофали Данска и Гренланд, истакнувајќи дека страните „навистина изградиле цврста врска“ за време на преговорите.

Гренланд, самоуправна територија во рамките на Кралството Данска, го привлече интересот на САД поради својата стратешка положба и огромните минерални ресурси.

Договорот се реалиизира  откако Трамп во повеќе наврати ја изрази својата желба да преземе контрола врз Гренланд од стратешки и историски причини, укажувајќи на интересот и растечкото присуство на Кина и Русија во регионот.

Повеќе
Ердоган: Туркије работи на проширување на соработката со Виетнам
Фидан: САД да го искористат влијанието врз Израел за да ги прекинат дестабилизирачките активности
Ердоган утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации
Данска: Безбедносниот договор за Гренланд ќе го стави Арктикот под надзор на НАТО
Бурханетин Дуран: Турција ќе продолжи со дипломатијата за „поправеден свет“
ЕУ предлага систем за рангирање на потрошувачката на енергија и вода во дата центрите
Медиумски организации ќе ја тужат Белата куќа за одземените акредитации
ЕУ ќе воведе санкции против Русија поради изборите во окупираните делови на Украина
Избори во Русија: Партијата на Путин освои рекорден број пратенички места
Промовирана Стратегијата за дигитално здравство-хроничните пациенти ќе се следат на далечина
Турски и американски бизнис лидери се стремат кон целта за трговска размена од 100 милијарди долари
Трамп ургирал кај Зеленски да ги поштеди руските рафинерии поради цените на горивата
Божиновска: Македонскиот рубин ќе добие сертификат за потеклото, обврска ни е да го заштитиме
Деветта жртва од Западнонилска треска, почина 66-годишен пациент
Трамп: Планираната арка ќе биде воен комплекс за дронови и снајперисти