Туркије ќе продолжи да биде на страната на оние кои се соочуваат со неправда и угнетување ширум светот и да ги користи сите расположливи дипломатски средства за да придонесе кон создавање поправеден свет, изјави денеска Директорот за комуникации Бурханетин Дуран.
Во пораката по повод Меѓународниот ден на мирот, Бурханетин Дуран истакна дека овој ден служи како потсетник, пред сè, за ситуацијата во Газа.
„Во време кога најосновните човечки вредности се под сериозен тест во Газа, заедничката одговорност на човештвото, соочено со страдањата на децата, жените и невините цивили, е да застане на страната на правдата, совеста и мирот“, рече Дуран.
Тој нагласи дека слушањето на гласовите на угнетените, ставањето на човечкиот живот пред сите други размислувања и одбраната на правдата за сите се клучни за изградба на свет во кој подобро се живее.
„Под водство на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Турција ќе продолжи да ги поддржува оние што се изложени на неправда и угнетување каде и да се наоѓаат во светот, целосно да ги искористува можностите што ги нуди дипломатијата и да работи за поправеден свет“, рече тој.
„Нашата надеж е свет во кој оружјето ќе замолкне, правото и совеста ќе надвладеат, и ниту едно дете нема да биде принудено да расте во сенката на војната, угнетувањето или геноцидот“, додаде Дуран.


























