Европската Унија сега може да замрзне средства поврзани со руски граѓани кои се санкционирани поради војната во Украина, дури и кога овие средства се во рамките на фондовите и нема директна правна врска со вклучените лица, пресуди денес Судот на правдата на Европската Унија.
Одлуката дојде откако италијанските власти ги запленија средствата на компании со сложени правни структури за кои се верува дека се контролирани од Руси на листата на санкции на Европската Унија, објави Скај њуз.
Компаниите тврдат дека санкционираните лица немаат директна контрола врз средствата и затоа замрзнувањето било нелегално.
Сепак, Судот на правдата на ЕУ го отфрли нивното обвинение, наведувајќи дека „непотребно сложените правни структури“ сами по себе би можеле да укажуваат на сопственост или контрола.
На крајот од минатата година, Европската Унија на неодредено време ги замрзна руските средства во Европа во вредност од 210 милијарди евра додека Русија не ѝ плати воени репарации на Украина.
Арбитражниот суд во Москва донесе пресуда со која ѝ наложи на белгиската компанија Еуроклеар да плати отштета од околу 221,5 милијарди евра на Централната банка на Русија поради замрзнати средства.
Белгиската банка ја осуди одлуката, наведувајќи дека не ја признава надлежноста на руските судови и дека користењето на тие приходи е нелегално.










