| Macedonian
КУЛТУРА
1 мин читање
Дуран го истакна културното наследство за време на Неделата на турската кујна
„Сеќавањето на еден народ понекогаш живее во народната песна, а понекогаш во срцата собрани околу истата маса“
Дуран го истакна културното наследство за време на Неделата на турската кујна
Дуран го истакна културното наследство за време на Неделата на турската кујна / AA

Турскиот директор за комуникации, Бурханетин Дуран, денес го истакна културното значење на Неделата на турската кујна, опишувајќи го овој годишен настан како прослава на богатото кулинарско и цивилизациско наследство на Туркије.

Во објава на турската социјална платформа „NSosyal“, Дуран наведе дека настанот, кој годинава се одржува по петти пат под темата „Наследство на една маса“ и под покровителство на првата дама Емине Ердоган, ги промовира традиционалните вкусови на Анадолија заедно со долгогодишното културно наследство на Туркије.

„Сеќавањето на еден народ понекогаш живее во народната песна, а понекогаш во срцата собрани околу истата маса“, рече Дуран.

Тој додаде дека турската кујна со векови не претставува само храна, туку и „споделување, изобилство, гостопримство и култура“.

Дуран, исто така, им се заблагодари на готвачите, производителите и на сите кои придонесуваат за зачувување и пренесување на турските кулинарски традиции на идните генерации, честитајќи им ја Неделата на турската кујна на сите учесници.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Кубанци протестираат во Хавана поради американското обвинението против Кастро
Четворица загинаа во украински напад врз колеџ и студентски дом во Луганск, кој е под руска контрола
Шестмина загинати во израелските воздушни напади вo јужен Либан
Вучиќ: Ја разбираме визијата на Трамп, а зајакнатите односи ќе придонесат и за Европа
Русија тврди дека зазела ново населено место во Украина
Халкбанк со нова докапитализација од 40 милиони евра, силен сигнал за раст и стабилност
Во Тетово се одржа церемонија на дипломирање во училиштето на турската фондација „Маариф“
Трамп: САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска
Помошничка на Епстин откри тројца нови соучесници во мрежата на злоупотреби
Руте: НАТО е на посилен пат и ја анамалува зависноста од еден сојузник
Германски болници цел на масовен сајбернапад
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот
САД ја паузира продажбата на оружје на Тајван вредна 14 милијарди долари поради војната во Иран
Нападнат и запален центар за заразени од ебола во ДР Конго
Иран ги осуди санкциите на САД врз назначениот амбасадор во Либан