| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Европската комисија почна постапка што ќе ѝ овозможи на ЕУ да го основа Специјалниот суд за Украина
Правдата за жртвите на агресија е најдобриот пат кон траен мир, потрагата по правда е исто така пречка за потенцијалните агресори, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас
Европската комисија почна постапка што ќе ѝ овозможи на ЕУ да го основа Специјалниот суд за Украина
Специјалниот суд ќе има мандат да ги гони високите руси политички и воени лидери за кривично дело агресија против Украина / Reuters
25 март 2026

Европската комисија во среда започна постапка што ќе ѝ овозможи на Европската Унија да стане членка основач на Специјалниот суд за кривично дело агресија против Украина.

Откако земјите-членки ќе го прифатат предлогот, Комисијата ќе може да испрати формално известување за намерата на ЕУ да се приклучи на судот како членка основач.

Овој статус би ѝ дал на ЕУ централна улога, вклучително и членство во одборот на специјалниот суд и назначување судии.

Специјалниот суд ќе има мандат да ги гони високите политички и воени лидери за кривично дело агресија против Украина.

Се воспоставува во рамките на Советот на Европа, по потпишувањето на договорот меѓу Украина и Советот на Европа за основање на судот на 25 јуни 2025 година.

Ова е прв пат ваков суд да се основа под покровителство на Советот на Европа.

„Правдата за жртвите на агресија е најдобриот пат кон траен мир. Потрагата по правда е исто така пречка за потенцијалните агресори, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика“, Каја Калас.

ЕУ одигра водечка улога во изготвувањето на основачките законски текстови на Специјалниот суд, кои беа политички поддржани на 9 мај 2025 година од меѓународна коалиција на држави и меѓународни организации.

Русија, која беше исклучена од Советот на Европа кратко време по почетокот на нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година, ги отфрли како „ништовни“ сите идни одлуки на овој суд.

Повеќе
Двајца загинати во Абу Даби по пресретнување на иранска балистичка ракета
Еден израелски војник загина во борбите во јужен Либан
Танкер кој превезувал нафта нападнат со дрон во близина на Истанбул
Писториус: САД и Израел дека немаат јасен воен план за Иран
Аракчи: САД не успеаја да ги постигнат своите воени цели против нас, нема преговори
Фидан разговараше со колегите од Иран, Кина и Пакистан за напорите за завршување на војната
Уставниот суд на Косово го поништи указот на претседателката Османи за распуштање на Собранието
Планот на Израел за купување грчки острови повторно се појавува во време на војната со Иран
Иран го отфрли американскиот план и постави пет услови за да преговара за завршување на војната
Потпишан Меморандум за соработка со технолошкиот гигант Оракл
Сиљановска- Давкова: Околу 80% од македонските граѓаните не сакаат да се менува Уставот
Европската комисија почна постапка што ќе ѝ овозможи на ЕУ да го основа Специјалниот суд за Украина
Туркије и Британија ги продлабочуваат одбранбените врски со нов договор за поддршка на Еурофајтер
Велика Британија понуди да биде домаќин на безбедносен самит за Ормускиот теснец
Самитот „Стратком 2026“ ќе започне во петок во Истанбул