| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Аракчи: САД не успеаја да ги постигнат своите воени цели против нас, нема преговори
Според иранскиот министер за надворешни работи, во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон, но САД испраќаат пораки преку разни посредници, што „не значи дека преговорите се во тек“
Аракчи: САД не успеаја да ги постигнат своите воени цели против нас, нема преговори
Аракчи истакна дека секој политички договор мора да вклучува преземање одговорност и надомест за реконструкцијата на Иран / Reuters
пред ден

Соединетите Американски Држави не успеаја да ги постигнат своите воени цели во војната против Иран, што вклучува брза воена победа и промена на режимот во Иран, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

Според него, во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон, но САД испраќаат пораки преку разни посредници, што „не значи дека преговорите се во тек“, пренесува Ал Џезира.

Тој ги замоли соседните земји да се „дистанцираат“ од САД.

„Одговорите на Иран на нападите на САД покажаа дека ниедна земја не може да ја загрози нашата безбедност“, рече Аракчи.

Тој повтори дека Иран не бара војна и сака траен крај на конфликтот, додавајќи дека Техеран бара надомест за штетата предизвикана од нападите.

Аракчи истакна дека секој политички договор мора да вклучува преземање одговорност и „надомест за реконструкција“.

Тој изјави дека иранското раководство ги разгледува американските мировни предлози, но исто така истакна дека нема намера да разговара со Вашингтон.

Аракчи оцени дека САД не успеале да ги заштитат земјите од регионот, и покрај тоа што таму имаат свои воени бази.

Повеќе
Двајца загинати во Абу Даби по пресретнување на иранска балистичка ракета
Еден израелски војник загина во борбите во јужен Либан
Танкер кој превезувал нафта нападнат со дрон во близина на Истанбул
Писториус: САД и Израел дека немаат јасен воен план за Иран
Аракчи: САД не успеаја да ги постигнат своите воени цели против нас, нема преговори
Фидан разговараше со колегите од Иран, Кина и Пакистан за напорите за завршување на војната
Уставниот суд на Косово го поништи указот на претседателката Османи за распуштање на Собранието
Планот на Израел за купување грчки острови повторно се појавува во време на војната со Иран
Иран го отфрли американскиот план и постави пет услови за да преговара за завршување на војната
Потпишан Меморандум за соработка со технолошкиот гигант Оракл
Сиљановска- Давкова: Околу 80% од македонските граѓаните не сакаат да се менува Уставот
Европската комисија почна постапка што ќе ѝ овозможи на ЕУ да го основа Специјалниот суд за Украина
Туркије и Британија ги продлабочуваат одбранбените врски со нов договор за поддршка на Еурофајтер
Велика Британија понуди да биде домаќин на безбедносен самит за Ормускиот теснец
Самитот „Стратком 2026“ ќе започне во петок во Истанбул