| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Бензините поевтинуваат за 7, дизелот за 5,5 денари за литар
Од полноќ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика
Бензините поевтинуваат за 7, дизелот за 5,5 денари за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 94,5 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.

Од полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 ќе поевтинат за 7 денари по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе се намали за 5,50 денари. Поевтинуваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.

Просечното намалување на малопродажните цени изнесува 7,51%, а новите цени ќе започнат да се применуваат на 10 ноември од 00:01 часот.

Од полноќ, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 94,5 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 6,50 денари за литар и ќе изнесува 103,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се намалува за 6,261 денариза килограм и ќе изнесува 49,312 денари за килограм.

Согласно Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, , применет е намален износ на акцизата од 2 денари за литар кај бензините и намален износ на акцизата од 4 денари за литар кај дизелот.

Исто така во оваа одлука е применет намален износот на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), во износ од 10%, согласно Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 256/26).

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 12,34% или за 136,65 долари за тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 6,78% или за 98,3 долари за тон“, велат од РКЕ.

Оттаму додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 54,84 денари за долар и е за околу 0,52 проценти понизок од курсот на доларот (55,13 денари за долар) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.


Повеќе
Макрон и сопругата со нова тужба за клевета против Кендис Овенс
Машиновозачите во Шпанија го запреа железничкиот сообраќај поради безбедносни грижи
Во Абу Даби почна новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД
Туркије го ревидира Акциониот план за Зелениот договор за да ја забрза дигиталната транзиција
Трамп го поддржа министерот за одбрана Хегсет откако против него е покрената постапка за инпичмент
Израелскиот Кнесет ќе биде конституиран во вторник, 28 дена за формирање влада
САД наводно преместил воздухоплови во британска база по закана од Иран
Франција го обвини Иран за кибер нападите врз фрижидери во супермаркетите
Украина се координира со ЕУ и НАТО пред средбата со Русија и САД во ОАЕ
Ербас постави Гинисов светски рекорд за најдолг лет без застанување со комерцијален авион
Втор ден од КOП31 во Туркије, фокус на енергијата и транспортот
Јужнокорејската опозиција бара претседателско вето на законот за специјален советник
Ердоган: Најмалку 16 загинати и 13 повредени при експлозија во челичарница во западна Туркије
Ердоган: Туркије продолжува со развојот и покрај регионалната нестабилност
Трамп ја доведува во прашање регуларноста на изборите одржани на трети ноември