| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Ербас постави Гинисов светски рекорд за најдолг лет без застанување со комерцијален авион
Леталото помина 14.388 милји во рекорден лет во траење од 24 часа и 24 минути, помеѓу Австралија и Франција
Ербас постави Гинисов светски рекорд за најдолг лет без застанување со комерцијален авион
Ербас постави Гинисов светски рекорд за најдолг лет без застанување со комерцијален авион

Ербас (Airbus) постави Гинисов светски рекорд за најдолг лет без застанување (според изминатото растојание) со комерцијален авион, реализирајќи патување во траење од 24 часа и 24 минути помеѓу Мелбурн, Австралија и Тулуз, Франција, во текот на јули, соопшти во понеделникот производителот на авиони.

Авионот полета од Мелбурн на 27 јули во 17:27 часот по локално време (07:27 GMT), а слета во Тулуз на 28 јули во 09:51 часот по локално време (07:51 GMT), при што помина 12.503 наутички милји (23.155 километри, односно 14.388 милји) без ниту едно застанување.

Летот беше изведен како дел од серијата пробни летови за моделот A350-1000ULR, кој е развиен специјално за австралиската авиокомпанија „Квантас ервејс“ (Qantas Airways) во рамките на нивната иницијатива „Проект Сончев изгрев“ (Project Sunrise).

Рекордот е официјално потврден врз основа на податоци од авионот, кои беа независно верификувани од Меѓународната воздухопловна федерација и платформата за следење летови „Флајт-радар 24“ (Flightradar24).

Авионот прелета над Сиднеј, по што се упати кон Лос Анџелес, преминувајќи го Тихиот Океан.

Потоа, леталото прелета преку Северна Америка и Атлантскиот Океан, помина над Лондон и продолжи кон Тулуз.

За време на патувањето, екипажот имаше можност да види две зајдисонца и две изгрејсонца.

Авионот е опремен со дополнителен резервоар за гориво со капацитет од 20.000 литри и го придвижуваат мотори од типот „Ролс-Ројс Трент XWB“ (Rolls-Royce Trent XWB). „Квантас“ има нарачано 12 вакви авиони.

Повеќе
Израелскиот Кнесет ќе биде конституиран во вторник, 28 дена за формирање влада
САД наводно преместил воздухоплови во британска база по закана од Иран
Франција го обвини Иран за кибер нападите врз фрижидери во супермаркетите
Украина се координира со ЕУ и НАТО пред средбата со Русија и САД во ОАЕ
Ербас постави Гинисов светски рекорд за најдолг лет без застанување со комерцијален авион
Втор ден од КOП31 во Туркије, фокус на енергијата и транспортот
Јужнокорејската опозиција бара претседателско вето на законот за специјален советник
Ердоган: Најмалку 16 загинати и 13 повредени при експлозија во челичарница во западна Туркије
Ердоган: Туркије продолжува со развојот и покрај регионалната нестабилност
Трамп ја доведува во прашање регуларноста на изборите одржани на трети ноември
Милановиќ: ЕУ не може да биде држава, да се преиспитаат придобивките од членството
ЕУ ја поздравува поблиската поморска соработка меѓу Романија, Бугарија и Туркије
Петер Маѓар: Братот на Виктор Орбан е приведен под сомнение за шверц со луѓе
ЕУ: Израел да овозможи целосен хуманитарен пристап до Газа
Мерц: ЦДУ ја номинираше Ајгнер за претседателка на Германија