| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Втор ден од КOП31 во Туркије, фокус на енергијата и транспортот
Конференцијатана Обединетите нациии за климатски промени се отвори вчера со фокус на храната, земјоделството и здравството, здружувајќи ги креаторите на политики, меѓународните организации, бизнисите и претставниците на граѓанското општество
Втор ден од КOП31 во Туркије, фокус на енергијата и транспортот
Меѓу закажаните сесии е и „Редефинирање на одржливата мобилност“, организирана од турскиот производител на електрични автомобили Тог

Конференцијата на Обединетите нациии за климатски промени (КОП31) во Туркије влезе во својот втор ден, со дискусии фокусирани на енергетската безбедност, електрификацијата, мрежната инфраструктура и одржливиот транспорт.

Според програмата на конференцијата, во текот на денот се закажани околу 370 сесии, вклучувајќи 140 под темата за енергија и транспорт.

Во Сината зона, која е домаќин на официјални преговори и состаноци на високо ниво, клучните настани вклучуваат министерски состанок за партнерството за зелена енергија меѓу Азербејџан - Казахстан - Узбекистан, како и панел-дискусија за безбедноста на зелената енергија и енергетската транзиција на Украина.

Другите сесии на Сината зона ќе се однесуваат на енергетската безбедност во услови на геополитички ризици, финансирање на енергетската транзиција и проширување на инфраструктурата за обновлива енергија.

Во меѓувреме, Зелената зона, која се отвори за посетители вчера, ќе биде домаќин на дискусии за одржлива мобилност, инвестиции во чиста енергија и индустриска декарбонизација.

Меѓу закажаните сесии е и „Редефинирање на одржливата мобилност“, организирана од турскиот производител на електрични автомобили Тог.

На дневен ред се и панели за одржливи горива за авијација, складирање на енергија и улогата на вештачката интелигенција во одржливата мобилност.

Конференцијата се отвори вчера (понеделник) со фокус на храната, земјоделството и здравството, здружувајќи ги креаторите на политики, меѓународните организации, бизнисите и претставниците на граѓанското општество.

Конференцијата КОП31 се одржува од 9 до 20 ноември во Анталија и има за цел да ги унапреди глобалните преговори за климата за намалување на емисиите, адаптацијата и фондовите.

Повеќе
Генералниот секретар на ОН ја пофали организацијата на самитот КOП31 од страна на Туркије
Макрон и сопругата со нова тужба за клевета против Кендис Овенс
Машиновозачите во Шпанија го запреа железничкиот сообраќај поради безбедносни грижи
Во Абу Даби почна новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД
Туркије го ревидира Акциониот план за Зелениот договор за да ја забрза дигиталната транзиција
Трамп го поддржа министерот за одбрана Хегсет откако против него е покрената постапка за инпичмент
Израелскиот Кнесет ќе биде конституиран во вторник, 28 дена за формирање влада
САД наводно преместил воздухоплови во британска база по закана од Иран
Франција го обвини Иран за кибер нападите врз фрижидери во супермаркетите
Украина се координира со ЕУ и НАТО пред средбата со Русија и САД во ОАЕ
Ербас постави Гинисов светски рекорд за најдолг лет без застанување со комерцијален авион
Втор ден од КOП31 во Туркије, фокус на енергијата и транспортот
Јужнокорејската опозиција бара претседателско вето на законот за специјален советник
Ердоган: Најмалку 16 загинати и 13 повредени при експлозија во челичарница во западна Туркије
Ердоган: Туркије продолжува со развојот и покрај регионалната нестабилност