Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ѝ ја честиташе на Државата Палестина 38-годишнината од нејзиното основање, потврдувајќи ја посветеноста на Туркије на поддршката на палестинското прашање и залагањето за формирање независна палестинска држава.
Во пораката објавена на турската социјална мрежа НСоцијал, Ердоган порача:
„Ѝ ја честитам 38-годишнината од основањето на нашата пријателска и братска Држава Палестина и упатувам поздрави и изрази на наклонетост до херојскиот палестински народ, кој продолжува со својот достоинствен отпор против угнетувањето и оние што го спроведуваат.
Како Туркије, ќе продолжиме најсилно што можеме да го браниме палестинското прашање на сите платформи и одлучно да работиме на формирање независна, суверена и територијално поврзана Држава Палестина, со Источен Ерусалим како главен град, во границите од 1967 година.
Ќе продолжиме да бидеме покрај палестинскиот народ со сите расположливи средства, за да му помогнеме да оствари слободна и просперитетна иднина“, додаде Ердоган.






















