Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што глобалната сурованафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел.
Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ИЦЕ Фјучурс се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање.
Фјучерсите за американската сурова нафта Вест Тексас Интермедиат (ВТИ) на електронската трговска сесија на Њујоршката трговска берза се зголемија за 2,21 долари на 89,57 долари за барел.
Во текот на викендот, САД и Иран разменија предлози за нацрт-договор со кој ќе се продолжи примирјето и ќе се отвори Ормускиот Теснец, но степенот на напредок во разговорите останува нејасен.
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повтори своето барање Техеран да ја суспендира својата нуклеарна програма и целосно да го врати статусот на Ормускиот Теснец како отворена меѓународна транспортна „артерија“.
Цените на нафтата паднаа во мај, но сепак се повисоки во споредба со нивоата пред војната.
















