Еден Палестинец загина, а 16 се повредени утринава во израелскиот напад чија цел беа шатори во кои се засолнети раселени цивили во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија медицински извори.
Изворите наведуваат дека во нападот биле погодени шатори во кои биле сместени раселени цивили во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис, која Израел претходно ја означи како „безбедна зона“.
Единаесет Палестинци, меѓу кои и пет члена од исто семејство загинаа вчера, а десетици беа повредени во истовремени израелски воздушни напади чија цел беа станбени објекти во градот Газа, соопштија медицински извори.
Подоцна девет тела и десетици повредени беа пренесени во болницата „Ал-Шифа“, при што некои од телата биле распарчени, а други со тешки изгореници, додадоа изворите.
Во геноцидот на Израел во Газа од октомври 2023 година се убиени речиси 73.000 Палестинци и повредени повеќе од 173.000, главно жени и деца, според палестинските податоци.
И покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, израелската армија уби најмалку 936 Палестинци и повреди 2.903 во речиси секојдневни напади, соопшти Министерството за здравство во Газа.

















