| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Путин не ја исклучува можноста за обновување на односите со европските земји
На состанокот на Рускиот совет за безбедност, Путин рече дека Русија никогаш не ја исклучила можноста за развој на односите, но повтори дека соборувањето на промосковскиот украински претседател Виктор Јанукович била причина за раздорот
Путин не ја исклучува можноста за обновување на односите со европските земји
Кремљ негираше дека Путин побарал од водечките бизнисмени да донираат пари за стабилизирање на финансиите додека војната во Украина продолжувa / Reuters
пред 3 часа

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Москва не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските земји.

Зборувајќи на состанокот на Рускиот совет за безбедност, Путин рече дека Русија никогаш не ја исклучила можноста за развој на овие односи, како и нивното обновување, според транскриптот објавен од Кремљ.

Путин повторно го наведе соборувањето на промосковскиот украински претседател Виктор Јанукович, по масовните протести во 2014 година, како причина за раздорот.

Рускиот претседател зборуваше за државниот удар што го поддржаа САД и неколку европски земји, јавува агенцијата ДПА.

Според него, ова го означи почетокот на низа трагични настани што сè уште се одвиваат во Украина денес.

„Советот за безбедност треба да ја разгледа состојбата на односите со европските земји, а особено со Европската Унија“, заклучил Путин.

На истиот состанок, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров презентираше проценка на овие односи, но Кремљ не ги објави деталите од неговото обраќање.

Кремљ, пал, во петокот ги негираше извештаите дека претседателот Владимир Путин побарал од водечките бизнисмени да донираат пари за стабилизирање на финансиите на Русија додека војната во Украина продолжува.

Независните руски медиуми Бел и Фајненшл тајмс ја објавија информацијата, повикувајќи се на неименувани извори, откако Путин одржал состанок зад затворени врати со бизнис лидерите во четвртокот.

„Не е вистина дека Путин упатил такво барање“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

Но тој додаде дека еден од учесниците на состанокот рекол дека сака да донира „многу голема сума пари“ на државата.

„Ова беше апсолутно негова иницијатива, а не на претседателот Путин. Иако, се разбира, шефот на државата ја поздрави таквата иницијатива“, додаде Песков.

Повеќе
Потписот на Трамп ќе се појави на идната американска хартиена банкнота
Саудиска Арабија: Пресретнати и уништени три дронови
Франција стана првата земја од ЕУ што потпиша договор за „сили во посета“ со Филипините
Дронови го нападнаа најголемото пристаниште во Кувајт
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути
Кос: Црна Гора треба да ги забрза реформите на патот кон ЕУ
Иран: Американскиот предлог е „едностран“, но вратата кон дипломатијата е сè уште отворена
Трамп му порача на Иран да „стане сериозен пред да биде предоцна“
Ердоган: Геноцидната мрежа на Нетанјаху заслепена од омраза ја користи религијата како покритие
Анкара „внимателно“ ги следи ризиците во Црното Море поради војната меѓу Украина и Русија
Седлоски: Имаме што да покажеме против силната Данска
Франција свикува итен состанок на Г7 за Блискиот Исток
Трамп ги нарече иранските преговарачи „чудни“ и од нив побара сериозност
Израел: Над 5.200 повредени во иранските напади од почетокот на војната
Дурмиши: Нема индиции за енормни поскапувања, инспекциски контроли спроведуваат засилен надзор