| Macedonian
СПОРТ
4 мин читање
Фудбалерите на БиХ за првпат во историјата обезбедија пласман во нокаут фазата на Мундијалите
Избраниците на Сергеј Барбарез по триумфот над Катар зависеа од резултатите во другите групи, но се најдоа меѓу осумте најдобри третопласирани репрезентации, благодарение на победата на Бразил од 3:0 над Шкотска
Фудбалерите на БиХ за првпат во историјата обезбедија пласман во нокаут фазата на Мундијалите
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина оствари голема победа над Катар со 3-1 во натпреварот од третото коло во групата Б / AP

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина се квалификуваше во нокаут фазата на Светското првенство за прв пат во историјата. Избраниците на Сергеј Барбарез се најдоа меѓу осумте најдобри третопласирани репрезентации, благодарение на победата на Бразил од 3:0 над Шкотска.

Репрезентацијата на БиХ претходно ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1. Спектакуларен гол постигна Керим Алајбеговиќ во 29. минута, а Катарците ја сместија топката во својата мрежа во 34. минута. Трагичарот беше Султан Ал-Браке, кого го погоди топката по нафрлувањето во петерецот од Един Џеко. Единствениот гол за Катар го постигна Хасан Ал Хајдос во 42. минута, а конечниот резултат го постави Ермин Махмиќ во 80. минута.

Во осминафиналето, БиХ најверојатно ќе играат против победникот од Групата Д, односно еден од домаќините, САД, кои моментално имаат шест бода во групата. Сепак, постои и мала теоретска можност да играат против Германија.

Швајцарија, пак, ја победи Канада со 2:1 во последното коло од Групата Б на Светското првенство во Ванкувер, пласирајќи се во нокаут фазата со освоеното прво место во групата. Пласман во сладната фаза обезбеди и домаќинот Канада, која заврши на втората позиција со 4 бодови, колку што имаше и БиХ, но подобра гол разлика.

Швајцарија славеше со головите на Рубен Варгас (46) и Јохан Манзамби (57), додека Дејвид Промис (76) беше стрелец за Канада.

За прв пат во историјата, фудбалската репрезентација на Јужноафриканската Република (ЈАР)се пласираше во втората рунда на Светското првенство откако ја победи Јужна Кореја со 1:0 во последното коло од Групата А.

Јужноафриканците загубија од Мексико во првото коло, а потоа ремизираа со Чешка, додека Јужна Кореја ги победи Чесите и загуби од Мексико. Еден бод беше доволен за корејскиот тим, но „Бафана Бафана“ направи изненадување со голема победа.

Тапело Масеко го постигна решавачкиот гол во 63. минута.

Со оваа победа, ЈАР го освои второто место во групата и ќе игра против Канада во осминафиналето.

Јужна Кореја, од друга страна, заврши трета со три бода, одржувајќи ги своите шанси за продолжување како една од третопласираните екипи.

Овации за Нејмар

Мексиканските фудбалери го потврдија првото место во Групата А со победата од 3:0 против Чешка, откако го отворија турнирот со победа од 2:0 против ЈАР, а потоа ја победија и Јужна Кореја со 1:0 во второто коло.

За прв пат во историјата, мексиканските играчи го завршија групното натпреварување со три победи. Од друга страна, откако освоија еден бод во првите две кола, на Чесите им требаше само победа за да поминат.

Средбата ја одбележа и мексиканскиот голман Гилермо Очоа, кого селекторот Хавиер Агире го внесе во игра во 78. минута за да игра на своето шесто Светско првенство.

Во осминафиналето, Мексико ќе игра против една од третопласираните селекции.

Познати се уште две репрезентации кои обезбедија пласман во првата нокаут рунда на Светското првенство. Тоа се селекциите на Бразил и Мароко кои славеа победа во последното коло од Ц групата над Шкотска и Хаити.

Бразилците на дуелот во Мајами ги надиграа Шкотите со 3:0. Два гола во првото полувреме постигна Винициус, а во второто во листата на стрелци се запиша Куња.

Сепак, натпреварот не го одбележа убедливиот триумф на Бразил, туку враќањето на Нејмар. Во 76. минута легендарниот бразилски фудбалер влезе во игра и ги одигра своите први официјални минути за националниот тим по 2023 година.

Неговото појавување предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите на „Хард Рок Стадион“ во Мајами.

Вториот натпревар од групата се одигра во Атланта, каде Мароко со пресврт славеше над Хаити со 4:2. Во првиот дел, дебитантот на Мундијалите, Хаити два пати водеше, но Мароканците успеваат да израмнат. Во второто полувреме Мароко постигна уште два гола и стигна до важните бодови.

Со овие конечни исходи, Бразил и Мароко освојуваат по 7 бода, но Кариоките го зазема првото место поради подобра гол-разлика. Двете селекции патуваат во 1/16-финалето, а Шкотска која заврши трета со 3 бода ќе ги чека резултатите и пласманите во другите групо.

Хаити шампионатот го заврши без бодови.

Повеќе
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати
Катарскиот премиер: Аспиративен план за инвестициски фонд за Иран од 300 милијарди долари