| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Шести смртен случај од западнонилска треска, почина 72-годишен пациент
Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на западнонилsкиот вирус кај мртов гавран во Ресен, a mинистерот за здравство Сашо Клековски, смета дека мртвата птица е доказ за локална циркулација на вирусот
Шести смртен случај од западнонилска треска, почина 72-годишен пациент
На Клиниката за инфективни болести во моментов на лекување се 18 пациенти од кои кај 15 лабораториски е потврден вирусот

Инфективната клиника регистрираше шести смртен случај на пациент заразен со западнонилска треска. Директорот на Клиниката, Адил Цана, вели дека пациентот имал изразито тешка општа состоја.

„Вчера во попладневниве часови почина уште еден пациент. Се работи за 72-годишен пациент кој беше хоспитализиран пред 15 дена на Клиникава во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика. И покрај сите прземени интензивни мерки во одделот за интензивно лекување, во вчерашните попладневни часови настави летален исход“, рече директорот Цана.

На Клиниката за инфективни болести досега биле или се хоспитализирани 57 пациенти.

Од нив директорот Цана вели дека 27 се излекувани, во моментов на лекување се 18 пациенти од кај 15 лабораториски е потврден вирусот и кај сите е во невроинвазивна форма.

Петмина се на интензивно лекување со тешка клиничка слика.

Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на западнонислкиот вирус кај мртов гавран во Ресен. Министерот за здравство Сашо Клековски, смета дека мртвата птица е доказ за локална циркулација на вирусот.

„Агенцијата за храна и ветеринарство исто така го потврди мртвиот гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје во паркот покрај општината. Гавранот е генерално стационарна птица, значи не е птица преселница и пронаоѓањето на мртвиот гаван е показател на локална циркулација на вирусот на западнонилска треска“, рече министерот Клековски.

За мртвиот гавран заразен со вирусот Клековски вели дека веднаш го известиле Центарот за јавно здравје Битола и градоначалникот на Општина Ресен. Очекува тие да направат ревизија на плановите за прскање против комарци и да почнат со прскање по индикација.

На веб-страницата healthalert.mk, каде што министерот Клековски вчера рече дека постојано ќе се објавуваат податоци за заразените со вирусот, стои дека се уште не е регистриран заразен од Ресен.

Гавранот во Ресен е втората мртва птица со потврден вирус. Првиот мртов гавран беше најден во централното подрачје во Скопје, порај Варадар.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска информираа дека ги засилиле теренските активности за утврдување на епидемиолошката состојба со болеста Западно ниласка треска кај живината, со лабораториско тестирање на земените мостри од птици при спроведување на надзорот на авијарна инфлуенца (птичји грип) и за утврдување на присуство на антитела на присуство на овој вирус.

Активниот надзор ќе се спроведе на целата територија на државава и со него ќе бидат опфатени одгледувалишта на живина за некомерцијални цели (живина во дворови и селски стопанства), птици кои се чуваат во кафези или друг затворен/ограден простор и одгледувалишта на водени птици во дворови и селски стопанства.

Во меѓувреме продолжуваат и активностите за сузбивање на комарците. Од 14 август досега е завршена четвртата тура авионско и земјено прскање против возрасни комарци во Скопје.

Авионското прскање било извршено на 20 и 21 август, додека земјеното прскање се спроведувало од 20 до 26 август.

Дополнително, по индикации се реализирани уште шест вонредни прскања. Во Гази Баба е опфатена површина од повеќе од 400 хектари, а второ прскање е извршено во Кисела Вода, односно во подрачјето на Драчево. Вонредни прскања се реализирани и во Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров.


Повеќе
Шести смртен случај од западнонилска треска, почина 72-годишен пациент
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
Деветмина загинати во украинскиот напад врз автобус во Луганск, окупиран од Русија
Танкер погоден од проектил во Ормускиот Теснец
Израелски воени авиони извршија воздушни напади врз Јужен Либан
Колумбија планира да ги притвори најопасните затвореници на отворено море
Поранешен извршен директор на ЏП Морган призна дека му дал доверливи информации на Епштајн
Нетанјаху предупредува дека Ликуд се соочува со изборен пораз „освен ако нешто не се промени“
Медиуми: Директорот на ЦИА во Москва ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО
Ирак тврди дека меѓународната коалиција ќе го заврши повлекувањето до 30 септември
Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 162, а повеќе од 1.000 се водат како исчезнати
Словенија ја блокира заедничката изјава на ЕУ за осуда на израелските планови на Западниот Брег
Фидан: Распуштањето на терористичката група ЈПГ би било добредојдено доколку се спроведе на терен
Зеленски го одликува Илон Маск со Орден на слободата
Претседателот на турскиот парламент: Израел се плаши од улогата на Туркије во регионалниот мир