| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Промовирана апликацијата м.Услуги- нов мобилен пристап до јавните услуги и електронските документи
Личната карта и возачката дозвола од денеска ќе бидат достапни на мобилен телефон преку мобилната апликација „м.Услуги“, које е бесплатна и нејзиното користење е целосно доброволно, информираше Министерството за дигитална трансформација
Промовирана апликацијата м.Услуги- нов мобилен пристап до јавните услуги и електронските документи
Со м.Услуги правиме конкретен чекор кон поефикасна држава со помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните, изјави Мицкоски

Од денеска, личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни на мобилен телефон. Министерството за дигитална трансформација ја промовираше мобилната апликација „м.Услуги“ (m.Uslugi), односно новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи на граѓаните.

За време на презентацијата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во живо ја активираше апликацијата и ја додаде својата електронска лична карта во дигиталниот паричник.

„Ова не е фотографија од личната карта, ниту ПДФ документ. Ова е електронска верзија на документот во мобилниот телефон“, рече министерот.

Една од функционалностите што беше демонстрирана е можноста за селективно споделување податоци. Наместо корисникот да го покажува целиот документ кога треба само да ја потврди својата возраст, апликацијата овозможува да се сподели само потребната информација.

„Ако единственото прашање е дали едно лице е полнолетно, нема потреба да се споделуваат адресата, бројот на документот и сите останати лични податоци. Современиот дигитален идентитет значи да се сподели само оној податок што е потребен“, рече Андоновски.

Тој нагласи дека целта не е постојните административни постапки само да се префрлат од шалтер на мобилен телефон, туку тие суштински да се поедноставуваат.

Покрај дигиталните документи, преку „м.Услуги“ се добива и мобилен пристап до првите електронски услуги.

„Со мобилната апликација м.Услуги правиме конкретен чекор кон модерна и поефикасна држава, во која граѓаните ќе имаат помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги. Суштината на дигитализацијата не е само воведување нова технологија, туку поедноставување на процедурите, поврзување на институциите и намалување на административниот товар за граѓаните и компаниите“, рече во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, ова е почеток на нов пристап во работата на јавната администрација, во кој времето на граѓаните се почитува, а институциите преземаат поголема одговорност за ефикасно и транспарентно функционирање.

„Нашата цел е сè повеќе услуги да бидат достапни дигитално, без непотребно губење време и повторно доставување документи што државата веќе ги поседува. Дигиталната трансформација е важен дел од реформите што ги спроведуваме и од нашата заложба за европски стандарди. Успехот ќе го мериме според конкретните резултати: колку време ќе заштедат граѓаните, колку постапки ќе се поедностават и колку услуги ќе можат да ги завршат брзо, едноставно и сигурно“, рече премиерот.

Апликацијата е замислена како единствен мобилен пристап до дигиталната држава- со дигитален идентитет, електронски документи, јавни услуги и известувања на едно место, а во следните фази и со интегрирани плаќања.

Апликацијата е бесплатна и нејзиното користење е целосно доброволно. Таа претставува дополнителен, побрз и поедноставен канал за пристап до јавните услуги и електронските документи, без да ги укинува останатите начини на кои граѓаните можат да комуницираат со институциите.

Целта е секој граѓанин кој сака да ги користи придобивките од дигиталните услуги да може тоа да го направи едноставно и без дополнителен трошок.

Повеќе
Ниту Нетанјаху, ниту Ајзенкот не се на пат да обезбедат мнозинство во Кнесетот со 120 пратенички
Усогласување со ЕУ: Црна Гора воведува нови правила за влез во земјата од 1 ноември
Политико: ЕУ поделена околу „придружното членство“ за Канада пред самитот во Монтреал
Ушаков: Путин го покани Зеленски на разговори во Москва, му ја гарантира неговата безбедност
Ердоган претседаваше со состанокот за сајбер безбедност на тема дигитален суверенитет и закани од ВИ
Средба Путин-Пезешкијан: Москва ги исполнува обврските во рамките на сите проекти со Техеран
Ердоган повика на посилно раководство во ОН за време на разговорот со Макрон и го покани на КOП31
Путин за гасот и санкциите на ЕУ: Кој копа јама под другите, самиот паѓа во неа
Нови обвиненија за Пулс: Контролори од УЈП зеле рачен часовник и очила поткуп од синот на газда Деко
Дуран: Туркије на КOП31 ќе ги претвори климатските ветувања во трајни акции
Турскиот Парламент го одобри Договорот за заедничка одбрана од Мека
Во голем број општини сè уште не се формирани совети за превенција на детско престапништво
Tрансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром за првпат изведена во земјава
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка