| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Нови обвиненија за Пулс: Контролори од УЈП зеле рачен часовник и очила поткуп од синот на газда Деко
За дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување во врска со контролите на УЈП во дискотеката Пулс и во други поврзани фирми се обвинети девет лица, соопшти Основното јавно обвинителство Кочани
Нови обвиненија за Пулс: Контролори од УЈП зеле рачен часовник и очила поткуп од синот на газда Деко
Во пожарот во нелегалната дискотека на 16 март 2025 загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи (УЈП) во дискотеката Пулс во Кочани и во други поврзани фирми.

Меѓу обвинетите се сопственикот на Пулс, Дејан Јованов и неговиот син Михаил Јованов, како и инспектори и контролори во УЈП.

„Обвинителен акт за кривично дело- Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик е поднесен против двајца даночни контролори, од кои еден е обвинет за две вакви дејствија. Тие од третото лице, обвинето за- Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик, побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде тој бил одговорно лице“, соопштија од ОЈО.

Според обвинителството, обвинетите, иако биле свесни дека согласно закон не смеат да оддаваат информации кои ги осознале во врска со даночна постапка, првиот обвинет сепак го информирал Михаил Јованов преку вибер пораки за дејствијата на УЈП и МВР во врска со наведените фирми, правејќи со тоа и продолжено кривично дело-Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик.

„Двајцата даночни контролори се обвинети и за- Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот“, соопшти ОЈО.

Со цел да ги покрие незаконитостите утврдени при контролата, вториот обвинет сторил и кривично дело- Фалсификување службена исправа од член 361 од Кривичниот законик, односно го фалсификувал службениот извештај за контролата.

„Против дополнителни четворица даночни контролори и инспектори до Судот е поднесен обвинителен предлог за кривично дело- Злоупотреба на службена положба и овластување. Од нив, еден е обвинет и за Фалсификување исправа. Дополнително, една вработена во Државниот пазарен инспекторат сторила дело - Оддавање на службена тајна, откривајќи информации кога акциските контроли ќе се реализираат“, рекоа од обвинителството.

Според ОЈО, обвинетите контролори и инспектори од УЈП вршеле даночни контроли кај правни субјекти во кои како реален сопственик се јавува шестиот обвинет, Дејан Јованов.

„Меѓутоа, констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик, кој е шести обвинет во случајов“, рекоа од ОЈО.

Кривичната пријава за дејствија на Злоупотреба на службената положба опфаќаше уште четири лица, од кои за две е запрена постапката поради застареност, додека за две се утврди дека немаат дејствија на наведеното дело или на друго дело кое се гони по службена должност.

Повеќе
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026
Јужна Кореја поднесе протест до САД поради изјавите на командантот за меѓукорејската граница
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Администрацијата на Трамп повторно ќе го гони поранешниот директор на ФБИ
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Туркије по хармонизацијата за безбедноста на машините со ЕУ цели на извоз од 10 милијарди
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени
Туркије, Саудиска Арабија, Пакистан и Иран ќе продолжат со разговорите за регионалната безбедност
Ердоган вети дека ќе ги брани поморските права на Туркије, повикува на единство во Либија
Макрон: Владата ќе објави силни мерки за смирување на протестите, следниот викенд сè уште е ризичен
Администрацијата на Трамп ја поддржува идејата Орбан да биде на чело на ОН
Извештај на ОН ја обвинува Москва за воени злосторства, го користи студот како оружје