| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Путин за гасот и санкциите на ЕУ: Кој копа јама под другите, самиот паѓа во неа
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пак, во вторникот изјави дека договорот за дизел гориво меѓу Русија и САД претставува „чисто деловен аранжман“ без никакви политички или безбедносни услови
Путин за гасот и санкциите на ЕУ: Кој копа јама под другите, самиот паѓа во неа
Москва и рускиот претседател Путин се домаќини на 8. Самит на земјите извознички на гас

Москва е домаќин на самит на земјите извознички на гас. Дванаесет земји контролираат дури 70% од светските резерви на природен гас.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обидите за исклучување на Русија од светскиот пазар на гас имаат последици и дека Европа со санкциите ѝ штети на сопствената економија.

„Сите обиди за исклучување на Русија водат до зголемување на трошоците. Тие ќе станат неподносливо високи за странските купувачи. Сведоци сме на ова во Европа, која самата по себе нанесува удар на својата индустрија и општествениот сектор. Тие ги раскинаа долгорочните договори со Русија. Имаме една изрека - кој копа јама под другите, самиот паѓа во неа. Ова им се случи на земјите од Европската Унија“, истакна Путин.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пак, во вторникот изјави дека договорот за дизел гориво меѓу Русија и САД претставува „чисто деловен аранжман“ без никакви политички или безбедносни услови.

Говорејќи на средба со главните уредници на африкански медиуми во Москва, Лавров го опиша овој аранжман како „прагматичен пристап“ на лидери кои се грижат за економиите на своите земји, како и за глобалната економија.

Тој нагласи дека интересите на граѓаните се ставени пред геополитичките цели.

„Немаше никакви услови- од типот ’ќе купиме дизел гориво од вас, под услов да преземете одредени чекори на политички или безбедносен план, било во Ормускиот теснец или каде било на друго место‘- такви поврзувања воопшто немаше“, рече Лавров.

Повеќе
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Путин разговараше со лидерите на Норвешка и Финска за војната во Украина
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026
Јужна Кореја поднесе протест до САД поради изјавите на командантот за меѓукорејската граница
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Администрацијата на Трамп повторно ќе го гони поранешниот директор на ФБИ
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Туркије по хармонизацијата за безбедноста на машините со ЕУ цели на извоз од 10 милијарди
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени