| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Мицкоски информираше дека имал конструктивна средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц, при што разговарале за европската перспектива на земјата и за процесот на проширување на ЕУ.
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, по средбите со европските лидери од Тиват изјави дека процесот на проширување на Европската Унија (ЕУ) повторно е актуелен и дека земјата останува посветена на европските интеграции, но без отстапување од националното достоинство, јавува Анадолу.

Мицкоски информираше дека имал конструктивна средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц, при што разговарале за европската перспектива на земјата и за процесот на проширување на ЕУ.

„Ова се моменти кога Европската Унија јасно кажува дека процесот на проширување станува жив. Она што е наша задача како Влада е тој процес да го сочуваме и да го напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството, како што беше тоа случај во минатите децении кога станува збор за македонските аспирации за членство во ЕУ“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека целта на Владата е Северна Македонија да стане држава што ќе испорачува најмногу реформи, притоа останувајќи фокусирана на европската агенда и зачувувањето на националните интереси.

„Имавме прилично конструктивна средба. Многу сум задоволен од разговорот“, рече премиерот, осврнувајќи се на средбата со германскиот канцелар.

Мицкоски изрази задоволство и од разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Како што посочи, на средбите биле отворени и прашањата поврзани со уставните измени.

Тој повтори дека ставот на Владата по ова прашање останува непроменет, додавајќи дека голем дел од земјите членки на Европската Унија ги разбираат позициите на Северна Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува напредок во пристапниот процес, Мицкоски рече дека е охрабрувачки што лидерите на земјите членки испраќаат порака дека проширувањето повторно е жив процес.

„Процесот на проширување е жив и добро е што денес таа порака ја испраќаат лидерите на земјите членки“, изјави Мицкоски.

Повеќе
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Британскиот премиер го обвини Илон Маск за поттикнување поделби околу убиство на студент
Путин: Русија е подготвена да направи некои компромиси за мировниот договор со Украина
Американскиот Сенат гласаше против Законот SAVE America на администрацијата на Трамп
Арагчи: Со Ормускиот Теснец заеднички ќе управуваат Иран и Оман
САД воведуваат санкции врз кубанскиот лидер Мигел Дијаз-Канел, додека тензиите на Карибите растат