| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Движењето соопшти и дека неговите борци активирале експлозивни направи кон израелските сили што се обидувале да напредуваат источно од градот Гандурије, при што, како што наведуваат, има потврдени жртви и повредени во израелските редови
Хезболах извршил повеќе напади врз израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт
Чад се крева во близина на замокот Биуфорт, кој беше заземен од израелските сили пред неколку дена / Reuters

Хезболах денес соопшти дека неговите борци извршиле серија напади насочени кон израелските трупи во близина на тврдината Биуфорт во Јужен Либан, вклучително и напад со „прецизна ракета“.

Во одделни соопштенија либанското движење наведе дека со прецизна ракета гаѓала група израелски војници и воени возила во близина на историската тврдина и дека извршила артилериски гранатирања врз областа во три одделни брана.

Исто така, движењето соопшти дека неговите борци активирале експлозивни направи кон израелските сили што се обидувале да напредуваат источно од градот Гандурије, при што, како што наведуваат, има потврдени жртви и повредени во израелските редови.

Се додава дека израелските сили подоцна ги евакуирале повредените под густ чад пред да започнат со артилериско гранатирање и воздушни напади врз околината.

Претходно Хезболах соопшти дека извршила 25 операции против израелските сили во Јужен Либан во изминатите 24 часа, вклучително и напади со беспилотни летала, ракети и противтенковско оружје.

Израелската армија вчера соопшти дека командант на тенк од 75. баталјон на 7. оклопна бригада е убиен во Јужен Либан, со што бројот на загинати израелски војници се искачи на 28 од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари.

Либан и Израел во средата се договорија да го обноват својот кревок прекин на огнот и да воспостават „пилот-зони“, со што либанската армија ќе преземе целосна контрола врз територијата, со исклучување на сите недржавни актери.

Договорот беше објавен во заедничка изјава по четвртата рунда преговори со посредство на САД, одржани во Стејт департментот.

Преговорите следуваа по неколкунеделните речиси секојдневни израелски напади врз Либан во кои загинаа речиси 3.500 луѓе од 2 март и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, а подоцна беше продолжен до почетокот на јули.

Повеќе
Гаши: Една од најважните задачи ми е да го подигнеме достоинството на Собранието и на институцијата
Уште 30 години затвор за поранешниот јужнокорејски претседател Јун
Нетанјаху побарал од Трамп поостри услови за крај на војната со Иран
САД собори ирански дронови кои напаѓале комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Фидан: Туркије и Бугарија повторно го потврдија планот за изградба на нов граничен премин
Туркије: Инвестицискиот договор со БИД останува на сила и покрај прекинот на стимулациите
Ердоган: Турската Црвена полумесечина се издвојува со глобалните хуманитарни напори
Иран го прогласи прекинот на огнот за бесмислен по последните напади на САД
Трамп: САД вечерва ќе го нападнат Иран многу силно, ќе го освоиме островот Харг
Туркије најостро ќе реагира по воениот договор меѓу Франција и Администрацијата на кипарските Грци
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар