Борци со огнената стихија: Регионот се соочува со недостиг од пожарникари
РЕГИОН
4 мин читање
Борци со огнената стихија: Регионот се соочува со недостиг од пожарникариДостапните податоци покажуваат дека во повеќето од земјите од балканскиот регион недостасуваат пожарникари.
Борци со огнената стихија: Регионот се соочува со недостиг од пожарникари / TRT Balkan

Пожарите на отворено во летниот период во земјите од регионот ја покажуваат потребата од зголемување на бројот на пожарникари кои би работеле на превенција и справување со огнената стихија. 

Достапните податоци покажуваат дека во повеќето од земјите од балканскиот регион недостасуваат пожарникари.

Македонската Влада соопшти дека јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата се продолжува до 23 јули. На овој начин, властите планираат да го надоместат бројот на потребни пожарникари, кои ќе бидат ангажирани, како што е појаснето, во јавни работи со фокус на создавање на противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување на ризикот од пожари.

Според ЗЕЛС, во земјава има околу 400 пожарникари, што според познавачите на состојбите е двојно помалку од законски предвидените норми. Според експертите, законот налага на 1.500 жители да има по еден пожарникар. Од друга страна, минатата година, на 20 јуни, тогашниот директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, изјави дека во земјава има 938 пожарникари, а дека недостасуваат уште 670. Тогаш, Ангелов посочи дека просечната возраст на пожарникарите е 42,5 години, потенцирајќи дека најалармантна е состојбата во Скопската противпожарна бригада.

Хрватска со најголем удел на пожарникари во ЕУ

Од земјите во регионот, но и на ниво на ЕУ, Хрватска може да се пофали дека има најголем удел на пожарникари во вкупниот број на вработени лица во земјата. Главната оперативна сила на пожарникарството во Хрватска ја сочинуваат 28.739 оперативни членови на доброволни противпожарни друштва и 3476 професионални пожарникари во јавните противпожарни структури.

Во ЕУ во 2023 година имало 362.400 професионални пожарникари, што претставува 0,18% од вкупната вработеност во Унијата. Во однос на 2022 година, бројот на пожарникари се зголемил и тоа за 3.000, покажува статистиката на Евростат.

Колку пожарникари имаат другите земји од регионот?

Според податоците до кои дошле ревизорите во Србија има вклупно 5.090 пожарникари. На доброволна основа работат речиси третина од нив - 1.526. Професионални пожарникари има 3.564. Доколку се земе в предивд европскиот стандард по бројот на пожарникари на илјада жители, ниту оваа бројка на пожарникари во Србија не е доволна. Всушност, во Србија еден пожарникар доаѓа на 1.865 жители, а во Европа  – на 1.000.

Во Албанија има вкупно околу 1.000 пожарникари, или поточно 1.067. Оваа бројка произлегува од базата на податоци за плати, која беше објавена во јавноста пред неколку години. Во меѓувреме, според Министерството за внатрешни работи, противпожарната служба во земјата има околу 1.250 вработени, но не сите се пожарникари, што повторно ја доведува бројката до близу 1.000.

Директорот на Агенцијата за управување со вонредни ситуации во Косово, Генц Метај, смета дека бројката од 739 активни пожарникари е доволна за нормални ситуации, но дека сепак неодамнешите пожари, особено во текот на пролетта значително ги отежнаа операциите на гаснење на пожарите. 

Во Црна Гора има околу 600 пожарникари, се тврди во медиумските написи во црногорските медиуми. За црногорските пожарникари се грижат локалните самоуправи. Она што преовладува како општ впечаток е дека многумина од нив работат без соодветна опрема и со ниски плати.

Босна и Херцеговина, на нешто повеќе од 3,5 милиони жители има околу 3.000 поржарникари, а во некои од општините воопшто нема пожарникари. Податоците доставени во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина како одговори на пратенички прашања, покажуваат дека на 10.000 жители има во просек 9 до 10 пожарникари.

Владите на ЕУ потрошија 37,8 милијарди евра за заштита од пожарите во 2022 година

Освен пожарникари, во борбата со пожарите потребно е вложување во модерни возила и соодветна опрема, но и тренинг центар за обука на пожарникарите и сите лица кои се вклучени во системот на управување со кризи и заштита од катастрофи.

Во 2022 година расходите на целата ЕУ за „услугите за заштита од пожари“ во 27 земји членки изнесуваа 37,8 милијарди евра, што е за 7,8 осто повеќе во однос на година претходно.

Уделот на вкупните расходи наменет за заштита од пожари беше 0,5 отсто.

Според статистиката на Евростат, компаративно, своите пожарникари највеќе ги плаќа Романија, после што следат Чешка, Естонија, Литванија, Германија, Грција.

По нив, со 0,5, колку што е просекот на ЕУ, следуваат Финска, Холандија, Франција, Полска, Норвешка, Луксембург и Бугарија.

Под просекот на ЕУ, со 0.4 отсто удел државни издвојувања во противпожарна заштита, се наоѓаат  Грчката администрација на Јужен Кипар, Ирска, Италија, Белгија, Шведска, Хрватска, Словачка, Унгарија и Латвија.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Повеќе експлозии одекнаа во близина на базата Ербил во Ирак
САД нема да извршат напади врз Хутите по барање на Саудиска Арабија
Туркије и Италија потпишаа договор за соработка во областа на трудот и социјалните политики
Шпанскиот Конгрес го поддржува државјанството за жителите на Западна Сахара родени пред 1977 година
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
САД ги притискаат сојузниците од НАТО да го распуштат МКС и да се повлечат од основачкиот договор
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Руте: Треба да се направи многу повеќе за НАТО да биде предводен од Европа
За Американците домашниот тероризам е поголема закана од странски напади, 25 години по 11 септември
Туркије се фокусира на квантната и вселенската технологија во новиот истражувачки и развоен поттик
Клековски: Западнонилската треска стивнува, хоспитализирани шест пациенти на Инфективна
Бројот на барања за азил во Европската Унија падна на најниско ниво од 2021 година